
Без разлика дали живеете во студентски дом или во приватно сместување под кирија, вашиот животен и работен простор го делите со други студенти. Сите кои некогаш живееле со цимер ќе ви кажат дека тоа е едно од најубавите искуства што може да ви се случи и дека ќе стекнете пријател за цел живот, но и ќе ве предупредат дека тоа може да биде и едно од најлошите искуства.

Фото:studentskizivot.com
Студентите кои не се прва година ќе ве предупредат дека не е лесно да развиете добри односи и секогаш да се согласувате со цимерот, особено ако претходно не сте имале можност да ја делите просторијата со некого.
Еден од најголемите проблеми во односите со цимерите е исхраната. Зошто вашето омилено јадење често исчезнува од фрижидерот или парче торта што сте го оставиле за подоцна…? Наместо да се расправате, обидете се да го решите овој проблем. Договорете се за купување на вообичаени намирници и направете список за купување. Споделувањето на намирниците може да биде со договор нели? Најдобриот начин за одржување на добри односи со цимерите е едноставно да прашате дали можете да направите ваков договор и сите да бидете задоволни. Одговорот загарантирано ќе биде да.
Партнерот/партнерката на вашиот цимер поминува премногу време во вашиот стан? Не можете да се опуштите во сопствената дневна соба…Разговарајте и искажете го својот став. Наместо да влегувате во конфликт, обидете се да објасните зошто тоа ви пречи. Направите распоред кога секој од вас ќе има слободно време да го користи заедничкиот простор. Флексибилноста е клучот за успехот. Се е можно ако се согласите.
Една работа може сериозно да ги загрози вашите добри цимерски односи, а тоа е неуредноста! Дури и ако одлично се согласувате со цимерот, неговата/нејзината неуредност сигурно ќе биде проблем. Едноставно правило што мора да го следат двете страни е дека заедничкиот простор мора да се одржува и да се чува чист. Споделете ја одговорноста, споделете ги должностите. Направете план за чистење и подготовка. Ако работите по план, со заеднички сили работата побрзо ќе се заврши.