ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
02.11.2021
“Жизел” повторно на сцената на Националната опера и балет
Автор: Goce Author

По премиерата оддржана на 30 октомври, интересот за оваа балетска претстава им резервира уште еден датум на љубителите на балетот. “Жизел” ќе заземе место во Националната опера и балет во Скопје со почеток во  20.00.

За оние кои не ја знаат приказната за Жизел , станува збор за балетска претстава во два чина композирана од францускиот балетски и оперски композер Адолф  Адам уште од 1841 г. каде премиерно се извела во Париз. Од тогаш па сѐ до денес “Жизел” се смета какоедна од ретките балетски претстави чија традиција на изведување сѐ уште продолжува. Приказната опфаќа тажна љубовна приказна проследена со неправда и предавство која ја води девојката Жизел во смрт. Овде има и фантастични и митски елементи претставени со самовили и “смртниот танц” на предавниците.

Во улогата на Жизел ќе настапи  првенката Мими Поп Алексова Атанасовска, а во улога на Алберт, ќе настапи Бобан Ковачевски.Во улога на Хиларион, пак ќе го сретнеме  Игор Велановски, а Мирта ќе ја игра Ивана Коцевска. На сцената ќе настапи оркестарот и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет. Адаптацијата е направена од хрватската примабалерина Ирена Пасариќ, а диригент на претставата е Иван Еминовиќ.

Доколку сте љубетели на Балетот или пак ве заинтересира приказната, сега имате можност да ја проследите во НОБ и да уживате во едно ремек-дело.

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
(Видео) Гоце.мк ве носи зад сцената на Макфест 2026