Македонските денари се дизајнирани со карактеристични слики кои имаат историско значење за нашата земја.
Банкноти:
Изгледот на македонските книжни пари, кој го отсликува богатото културно наследство на Република Северна Македонија, е осмислен од ликовната уметница Билјана Унковска, а финалниот дизајн е изработен во печатницата „Де ла ру“, Велика Британија.
Од 15 декември 2016 година, апоенската структура на книжните пари во оптек е збогатена со воведување два нови апоена – 200 и 2000. Творец на идејните и ликовно-графичките решенија за изгледот на овие книжни пари е графичкиот дизајнер Ласко Џуровски.
Еве кои се најзначајните обележници на македонските денари:
Полимерната банкнота од 10 денари на предната страна на парата е претставено мермерно торзо на египетската божица Изида (2 век п.н.е.) коешто е откриено во Охрид. Паунот, кој е главниот мотив на задната страна на парата, претставува детаљ од подниот мозаик на крстилницата на Епископската базилика во античкиот град Стоби (4 – 5 век).
За полимерната банкнота од 50 денари основниот мотив на предната страна на парата е монета којашто била кована во времето на Јустин II. Јустин II го наследил византискиот престол по смртта на Јустинијан I во 565 година. На задната страна на парата е претставен Архангел Гаврил, детаљ преземен од олтарната фреска Богородица со Исус Христос на престол, од црквата Св. Ѓорѓи (1911 година), с. Курбиново, Ресен.
На банкнотата од 100 денари на предната страна се наоѓа таванска розета во длабока резба од албанска градска куќа во Дебар. Често богатите семејства своите куќи ги украсувале со дрворез на таваните, што е барокен елемент во архитектурата. Додека на задната страна има гравура на градот Скопје од 1594 година, дело на холандскиот графичар Јакобус Харевин. Гравурата се чува во Нинберг.
Блогерката Весна се најде пред куќата во Дебар од 100 денарката.
View this post on Instagram
Носечки мотив на предната страна на идејното и ликовно-графичкото решение на 200-ката е репрезентативната христијанска теракотна икона. Тоа е релјефот со претстави на старозаветните воини Јошуа и Калеб, којашто е датирана во 6-7 век. На задната страна на идејното и ликовно-графичкото решение на оваа банкнота е архитектонско-ликовен елемент од челната фасада на Шарена (Алаџа) Џамија во Тетово.
Златна погребна маска, с. Требеништа, охридско (VI век пр.н.е.), а на десната страна златни обетки со лавовски глави, Охридско (III-II век пр. н.е) се карактеристиките на банкнотата од 500 денари, додека на задната страна е претставен цвет од афион.
Места во Македонија вредни за посета за оние кои сакаат да (се) сликаат
Бнкнотата од 1000 денари од предната страна е Богородица Епискепсис, икона од црквата Мали Св. Врачи, Охрид, почеток на XIV век. На левата страна златна обетка со гулабица (III-II век пр.н.е.), Требенишко Кале, Охридско. На задната страна има детаљ од фасадата на Григориевата галерија (XIV век), црква Св. Софија, Охрид.
На банкнотата од 2000 апоени е претстава на македонска невестинска носија од Прилепско поле како впечатлива рефлексија на богатството на фолклорната ризница на Македонија. На задната страна карактеристична e декорацијата на позлатен сад, којшто потекнува од XVI век. Во централното поле се прикажани два афронтирани пауна (рајски птици) покрај “изворот на животот” обиколени со раскошна флорална декорација.