ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
20.12.2023
Звуците на Новата година – новогодишниот филм од „Светот на Биби“ од утре низ кино салите во Македонија – распоред
Автор: Goce Author

Звуците на Новата година е новото остварување од Светот на Биби. Детската фантазија и искреност се непроценливи и токму поради истото се одлични судии, точно знаат што им се допаѓа, а што не. Кога нешто е добро, веднаш препознаваат и со уживање се препуштаат кон нови авантури. „Светот на Биби“ е дел од светот на секое детенце и веќе неколку години по ред на забавен начин преку едукација и интерактивност ги води низ целиот универзум на Биби и Боби.

Децата се секогаш подготвени за нова „Светот на Биби“ авантура. Оваа зимска сезона, ќе имаат можност да уживаат во новиот анимиран цртан филм „Звуците на Новата година“, а премиерата ќе се прикажува утревечер, 21.12.2023 во Синеплекс и Миленум во Скопје.

Во цртаниот филм ќе дознаете што се случува со звуците на Новата година. Зошто ниедна мелодија не е како што треба и зошто се испревртени зборовите во сите песни на светот? На светот? Подобро речете – во целата бесконечна вселена. Но, ако мислевте дека нема кој да го реши проблемот – погрешивте. Биби, Боби, снешкото Гого, Дедо Мраз од Заз, роботчето Р1, но и мистериозните чувари на Заз се обединуваат да ја спасат целата музика во универзумот.

Режисери на филмот се Димитар Аризанов и Јосип Здравковски, гласовите ги позајмуваат актерите Слаѓана Вујошевиќ, Сашко Коцев, Никола Ристановски, Сашка Димитровска и Дамјан Цветановски, а за музиката се погрижи Ангел Ќкосев.

Филмот ќе се прикажува во кино салите низ цела Македонија и тоа:

  • „3Д Кино“ Битола (21, 22, 25 и 27.12.2023),
  • „Мис Стон“ Прилеп (22.12.2023),
  • „Дом на култура Гевгелија“ (23.12.2023),
  • „Дом на култура Свети Николе“ (21, 22 и 25.12.2023),
  • „Дом на култура Пробиштип“ (26.11.2023),
  • „НУЦК“ Кичево (21.12.2023),
  • „Дом на култура Бограднци“ (25.12.2023),
  • „Киноверзум Штип“ (21.12.2023),
  • „Киноверзум Велес“ (21.12.2023),
  • „Дом на култура Охрид“ (29.12.2023),
  • „Дом на култура Крушево“ (21.12.2023),
  • „Дом на култура Демир Хисар“ (21.12.2023),
  • „Кино Манаки“ Битола (22, 23 и 24.12.2023)
  • „Киноверзум Свети Николе“ (21.12.2023).
(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
(Видео) Гоце.мк ве носи зад сцената на Макфест 2026