
Звуците на Новата година е новото остварување од Светот на Биби. Детската фантазија и искреност се непроценливи и токму поради истото се одлични судии, точно знаат што им се допаѓа, а што не. Кога нешто е добро, веднаш препознаваат и со уживање се препуштаат кон нови авантури. „Светот на Биби“ е дел од светот на секое детенце и веќе неколку години по ред на забавен начин преку едукација и интерактивност ги води низ целиот универзум на Биби и Боби.

Децата се секогаш подготвени за нова „Светот на Биби“ авантура. Оваа зимска сезона, ќе имаат можност да уживаат во новиот анимиран цртан филм „Звуците на Новата година“, а премиерата ќе се прикажува утревечер, 21.12.2023 во Синеплекс и Миленум во Скопје.
Во цртаниот филм ќе дознаете што се случува со звуците на Новата година. Зошто ниедна мелодија не е како што треба и зошто се испревртени зборовите во сите песни на светот? На светот? Подобро речете – во целата бесконечна вселена. Но, ако мислевте дека нема кој да го реши проблемот – погрешивте. Биби, Боби, снешкото Гого, Дедо Мраз од Заз, роботчето Р1, но и мистериозните чувари на Заз се обединуваат да ја спасат целата музика во универзумот.
Режисери на филмот се Димитар Аризанов и Јосип Здравковски, гласовите ги позајмуваат актерите Слаѓана Вујошевиќ, Сашко Коцев, Никола Ристановски, Сашка Димитровска и Дамјан Цветановски, а за музиката се погрижи Ангел Ќкосев.
Филмот ќе се прикажува во кино салите низ цела Македонија и тоа: