
Младиот Александар Тодороски освои најголем број гласови од публиката во првата полуфинална вечер на Макфест 2021 година. Очигледно песната „Под исто небо“ и настапот на Александар ги освои штипјани. Музиката и текстот се на најтрофејниот изведувач на Макфест Ристо Самарџиев, а аранжманот е на Давор Јордановски.

Александар Тодороски
Благодарен сум на штипјани што ја препознаа оваа песна и нависина сум среќен што влегувам во финале. Се подготвувам за вечерва и ќе дадам се од себе да им биде убаво на оние кои се пред сцената и оние кои ќе гледаат дома. Верувам во оваа песна и чест ми е што сум дел од Макфест, вели Александар за гоце.мк
Александар е добро познат на штипската публика. Тој е долго време на локалната сцена, а неговиот прв настап на Макфест го оценува како сосема успешен.
Влезот во финале беше посакуван и навистина сум среќен. Не знам што да очекувам вечерва…очекувам луѓето да ја слушаат мојата песна. Имам одличен ментор Ристо Самарџиев, од кого научив многу и се уште учам. Се надевам дека ќе се забавуваме, вели Александар.
![]()
Вечерва финалето започнува во 20.30 часот. Редакцијата на гоце.мк го следи на лице место, а вечерашната програма ќе изгледа вака: