ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
10.07.2022
Ѓоковиќ и Киргиос – од омраза до љубов – и финале!

Ѓоковиќ и Киргиос денеска ќе го играат финалето на Вимблдон, најголемиот тениски Грен слем турнир. Некогашните непријатели пред финалето релаксирани и пријателски расположени.

Фото: wimbledon.com

Ѓоковиќ, првиот фаворит на турнирот, загуби пет сета на патот до финалето, а особено се мачеше во четвртфиналето и полуфиналето во мечевите против Јаник Синер и Камерон Нори.

Од друга страна, Киргиос, 40. тенисер во светот, го одигра најдобриот Грен слем турнир во кариерата, а во финалето стигна многу поодморен од Новак, со оглед на тоа што полуфиналниот меч му го предаде Рафаел Надал, а австралискиот тенисер одигра еден меч помалку од денешниот ривал.

Ѓоковиќ денеска ќе игра за својата 21. Грен слем титула, со што би се доближил до рекордерот Надал на само еден разлика, но нема да му биде лесно против Киргиос, кому ова ќе му биде прво Грен слем финале, а на во исто време можеби единствената шанса во кариерата да го освои најголемиот трофеј .

Киргиос (27), кој е осум години помлад од Ѓоковиќ, освен што е поодморен, на своја страна има и психолошка предност кога е во прашање нивниот меѓусебен скор.

Ѓоковиќ нема освоено ниту сет против Киргиос!

Имено, колку и да звучи неверојатно фактот дека Ѓоковиќ никогаш не освоил ниту еден сет против Киргиос, тоа е вистина.

На почетокот на март 2017 година Ѓоковиќ и Киргиос одиграа два меча во Акапулко и Индијан Велс и двата ги доби Австралиецот со резултат 2:0.

Сепак, и покрај сето горенаведено, на денешниот меч Ѓоковиќ е фаворит поради своето поголемо искуство и објективно поквалитетно и би било големо изненадување доколку не дојде до 21. Грен слем титула.

Сепак, најинтересна работа во врска со ова дуо е нивната врска, која премина од омраза во љубов.

Ако е тешко за верување дека Ѓоковиќ и Кирјиос ќе играат во финалето, тогаш уште потешко е да се поверува дека овој дуел ќе биде во пријателски дух.„Јас и Ѓоковиќ сега дефинитивно сме во еден вид братска врска, што е прилично чудно. Мислам дека сите знаете дека некогаш немаше многу взаемна љубов. Секогаш кога игравме имаше тензија и мислам дека тоа е здраво за нашиот спорт. Понекогаш сега се допишуваме на Инстаграм, многу чудно. Чудно, тој ми испрати порака на почетокот на неделата .Се надевам дека ќе се видиме во недела“, рече Киргиос на вонредна прес-конференција.

 

Пресврт во промената на односот меѓу двајцата играчи беше зимската драма на Новак во Австралија, што резултираше со негово депортирање од таа земја.

Киргиос јавно го поддржа Новак во драмата на Австралија Опен

Тогаш Киргиос го поддржа и беше еден од ретките колеги што се осмелиле да го направат тоа.

Ѓоковиќ не го заборавил тоа и, згора на тоа, многу го цени тој неочекуван гест, кој дојде од човек кој со години не престана да го „боцка“ и да го прозива.

“Нашиот однос се подобри многу од јануари. Кога поминував низ тешки времиња, тој беше еден од ретките кои беа тука за мене. Тоа е нешто што многу го ценам и почитувам”, изјави Ѓоковиќ по победата во полуфиналето над Камерон. Нори.

Киргиос едноставно беше Киргиос, постојано имаше што да каже за Ѓоковиќ, а во повеќето случаи коментарите беа негативни.

Од друга страна, Новак, жаргонски речено, го „кулираше“ контроверзниот колега и не одговараше на прозивките.

Киргиос знаеше да изјави дека Ѓоковиќ е опседнат со тоа дека сите мора да го сакаат и почитуваат.

„Тој сака да биде како Роџер. Не можам да го поднесам него и прославите што ги прави по натпреварите“, изјави Кирјиос.

Сето ова не го спречи Киргиос постојано да го истакнува меѓусебниот скор во идните интервјуа, дури и во контекст на трката GOAT, која Новак ја води со Федерер и Надал.

“Колку и да освои Гренд Слемови, тој никогаш нема да биде најдобар. Едноставно затоа што двапати го победив и, извинете, ако не можете да ме победите, тогаш не сте најдобриот на сите времиња. Ако погледнете моето секојдневие, колку тренирам и колку труд вложувам, тоа е нула во споредба со него“, рече Киргиос и додаде:

“За мене Федерер секогаш ќе биде најдобриот на сите времиња. Што има направено на сите подлоги. Но, Ѓоковиќ, не знам, ме нервира. Тој секогаш кажува што треба, никогаш нема свое мислење”.

Новак и Ник по финалето на вечера, победникот плаќа

Дури и во текот на 2020 година и пандемијата на коронавирус, Киргиос го критикуваше Ѓоковиќ, особено неговата јадранска турнеја, чија организација ја нарече „глупава одлука“.

„Моите молитви се со сите играчи кои се заразени со коронавирус, само не ме повикувајте повеќе за моите постапки кои како што кажавте се неодговорни или глупави. Ова нема конкуренција“, рече Киргиос, коментирајќи на видеото на кое се гледа Новак. а останатите тенисери поминуваат време на забавата по турнирот.

Сето ова сега е зад Ник и Новак, а како што вели Австралиецот „бромансата“ од почетокот на годината продолжила на Вимблдон.

Двајцата тренираа ден пред големото финале, еден до друг и разменија понекој збор.

„Ти требаа пет години да кажеш нешто убаво за мене“.

Се слушна како Австралиецот со насмевка му вели:

„Те бранев кога беше важно!“

Србинот и Австралиецот продолжија со шеговит тон на Инстаграм, каде Киргиос го сподели овој разговор и го праша Ѓоковиќ дали се пријатели.

Новак тогаш ја искористи можноста да се обложи: „Ако ме поканиш на вечера, прифаќам. Победникот плаќа“.

Ник набрзо му одговорил: „Договорено. Ајде да одиме во ноќен клуб да полудиме“.

Натпреварот Ѓоковиќ – Киргиос ќе се одигра денеска на Централниот терен на Вимблдон со почеток во 15:00 часот.

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија