
Музиката е најсилното оружје на носталгијата бидејќи одредена песна може да го врати човекот во ситуација од животот која се памети со радост или тага.
Во текот на подолг временски период, многу жанрови се променија – од балади до R&B, рап и хип хоп до рокенрол. Прашање е како се менувале зборовите во песните во тој период.
Одговорот на ова прашање го даде тимот на Lottie.org, кој анализираше повеќе од 35.000 песни во периодот од 1950 до 2010 година и дојде до интересни резултати.
Можеме да видиме како се менуваше текстот во следниот инфографик:

Видливо е дека процентот на пцуење е зголемен за дури двапати во споредба со 1950-тите. Парите беа најкористениот збор во текот на 1990-тите, а зборовите поврзани со темата секс се во пораст. Единствената категорија која забележа пад е љубовта, односно категоријата која вклучува љубовни зборови.
Кога станува збор за пцовки и грди зборови, зборот „пекол“ има предност со децении. Од 90-тите, приматот го зазема зборот „ср * ње“.