ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
12.12.2021
Ќе штитат ли три дози вакцина од омикрон?
Автор: Goce Author

При споредување на крвта од 20 лица кои примиле две дози од вакцината пред шест месеци и 20 лица со примена трета доза пред точно еден месец  во медицинскиот центар Шеба и Централната виролошка лабораторија во Израел  донесен е заклучок дека дополнителни дози од вакцината би можеле да бидат клучни за заштита од новата варијанта на корона вирусот – омикрон.

Гили Регев Јојчај, директор на одделот за заразни болести во Шеба:  ,,Лицата кои ја примија втората доза пред пет или шест мецеси  немаат способност да го неутрализираат омикронот , иако имаат некои против делта сојот. Добра вест е што со третата доза за 100 % се зголемува  способноста за неутрализирање. Има значителна заштита со третата доза.’’

Израелскиот тим соопшти дека работеле со жив вирус додека фармацевтските компании го користеле тоа што е познато како псевдовирус, кој има карактеристични омикронски мутации.

Израелското истражување следи по истражувањето од Јужна Африка кое покажа дека сојот омикрон може делумно да ја заобиколи заштитата што ја обезбедуваат две дози од вакцината.

Британските научници пак предупредуваат да се воведат мерки, или ќе има голем бран на заразени со омикрон сојот на коронавирусот.

Доктор Ник Дејвис од лондонскиот Факултет за хигиена и тропска медицина (LSHTM) вели дека омикронот „се шири многу брзо”, тоа е „прилично загрижувачка варијанта” и веројатно ќе биде доминантна  во Англија до крајот на годинава. Велат дека бројот на смртни случаи од последиците на овој сој би можел да изнесува меѓу 25.000 и 75.000 до крајот на април следната година, во зависност од тоа колку ќе биде ефективна вакцината. Во најпесимистичкото сценарио, бројот на болнички пациенти може да биде и речиси двојно поголем.

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија