ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
23.01.2024
Џоел Ембиид сруши NBA рекорд по 56 години
Автор: Goce Author

На 18-годишнината од натпреварот на Коби Брајант со 81 поени за Los Angeles Lakers, Џоел Ембиид стана деветтиот играч во историјата на NBA кој постигнал 70 или повеќе поени на еден натпревар кога Philadelphia 76ers ги победија San Antonio Spurs со резултат од 133-123. Неговиот резултат од 70 поени го надмина тимскиот рекорд од 68, кој до сега го држеше легендарниот Вилт Чембрлен од 1967 година.

Единствените други кои го постигнале овој рекорд се Коби Брајант, Дејвид Робинсон, Дејвид Томпсон, Елгин Бејлор, Донован Мичел, Девин Букер и Демијан Лилард, додека пак Чембрлен го држи рекордот со 100 за Philadelphia Warriors против New York Knicks во 1962 година.

Истата вечер, Карл Таунс успеа да постигне 62 поени во Минесота. Тоа беше само четврти пат, односно прв пат од 1978 година кога двајца играчи на NBA постигнаа најмалку 60 поени во еден ист ден.

„Од времето кога почнав да играм, Коби беше мојот идол“, рече Ембиид. „Тој е причината зошто почнав да играм кошарка. Смешно е, во истата вечер, тој доби 81 и тоа беше мојот омилен играч“.

 

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија