
Замислете, какво влијание има врз нас една обична промена на време во текот на денот, промена која на прв поглед е многу минимална. Тоа се краткотрајни облаци, неколку капки дожд, две-три бројки минус во температурата. Колкав е ефектот врз човековото тело и психолошка состојба кога драстично се менуваат годишните времиња? Посебно е драстична промената од лето во есен што ни се случува моментално.
Со доаѓањето на есента се скратува денот, се намалуваат температурите, но и поголеми се шансите за дожд. Сепак, најголемото влијание ја има светлината, во текот на денот. Оваа промена влијае врз нашето расположение предизвикувајќи ни блага меланхолија и анксиозност. Влијанието на Сонцето, исто така е видливо врз нас. УВ зраците го стимулираат создавањето на витаминот Д кој има многу голем бенефит врз нашето здравје.

Photo by Aaron Burden on Unsplash
Совет: Секој сончев ден, искористете го максимално. Ќе ви се зголеми лачењето на сератонин, ќе ви се опуштат мускулите и ќе ви се регулира биолошкиот ритам!
Метеоролошките промени, промените на температурите и светлината влијаат и врз имуниот систем. За време на есента, не е исклучено да пројавите симптоми на сезонска настинка и грип. Ова е знак дека нашето тело реагира на стресот добиен од надворешноста, а со тоа и се поттикнува процесот на адаптација на сите промени.
Совет: Течности, физичка активност и релаксација се трите нешта кои треба да ги практикувате. Земајте дополнителни витамини и чекајте ја пролетта со нејзиното розевило.
Поради тмурното време и сите горенаведени причини, есента ни предизвикува дополнителна меланхоличност и анксиозност од нештата која таа ги носи. Но, тоа е само една страна од приказната. Прекрасниот пејзаж што таа го исцртува врз природата, паѓањето на лисјата и жолтите и портокалови бои ни ја симболизираат промената за која се подготвува природата, а и луѓето.
Совет: Само есента ќе ви покаже колку е убаво кога ги пуштаме нештата да си одат. Време е за есенско „чистење“! Работете на самите себе и дадете си го сето време на светов што ви е потребно. Љубовта кон себе заслужува да биде на пиедесталот.
Извор: https://www.technogym.com/