

Во денешниот свет кога патуваме побрзо од кога било и кога сме сите поврзани едни со други, не е тешко да се замисли дека некој вирус може брзо да се шири и практично да ја парализира планетата. Ова го видовме во случајот со Ковид, а некои веруваат дека слични и уште полоши работи може да се очекуваат во иднина. Но, дури и во време кога светот не беше „глобално село“, беснееја разни пандемии, од кои многу беа многу подраматични од она со кое се уште се бориме. Многу од нив однеле огромен број на животи, број кој понекогаш дури и се приближувал до половина од тогашното светско население. Кои се десетте најголеми пандемии во историјата на човештвото?
1.Хонгконгшки грип 1968. Во јули 1968 дотогаш непознат вид на грип е пријавен во Хонг Конг. Тоа бил сојот H3N2 кој брзо се проширил и надвор од градот. По само две недели, првите случаи биле забележани и во Сингапур и во Виетнам, а во рок од три недели овој грип се проширил и во Австралија, Европа, Индија и САД. Починале повеќе од еден милион луѓе, од кои половина во Хонг Конг, што претставувало 15 % од тогашното население на тој град.
2.Азиски грип 1956. Првите случаи биле откриени во Сингапур, а набргу овој грип се проширил во Кина каде предизвикал смрт на два милиони луѓе. До САД стигнал во 1958, каде починале околу 70.000 луѓе.
3.Епидемија на руски коронавирус 1889. Се појавил на три локации – во Туркменистан, Северозападна Канада и на Гренланд. Вирусот кој кружел бил подтип на коронавирусот H3N8. Заради растот на популацијата и развојот на железницата, заразата брзо се раширила. По пет недели биле изгубени милиони животи низ целиот свет.

4.Антониева Чума 165-180. Го погодила Римското царство во периодот од 165 до 180 година. Историчарите сметаат дека била предизвикана од големите или малите сипаници. Заразата во Римското царство ја донеле војниците кои се бореле во војната против Партијското царство. Оваа пандемија е позната по долгото траење и тешките последици. Вкупниот број на жртви се проценува на 5 милиони. Од болеста починале и двајца цареви – Луциј Вер и Марко Аурелиј , од династијата Антонини, по што оваа чума и го добила името.
5.Јустинијанова чума 541-549. Ова е пандемија која го зафатила Византиското царство , а потоа и остатокот од тогашниот свет. Историчарите оваа чума ја нарекле по источниот римски цар Јустинијан Први, кој владеел во тој период. Тој бил и заразен но бил меѓу ретките среќници кои успеале да преживеат. Се смета дека изворот на епидемијата бил во Етиопија или Египет, па бродовите кои носеле жито од Египет во Цариград донеле и болни стаорци кои го заразиле градот. Умреле повеќе од 100 милиони луѓе низ планетата.
6.Црна чума 1346. Тоа била една од најстрашните пандемии во историјата на човештвото. Бројот на мртви се проценува на 75 милиони, што е близу половина од тогашното население на Европа. Демографските загуби од оваа чума не биле насекаде еднакви, бидејќи болеста однела повеќе животи во заедниците во кои имало повеќе проток на луѓе и стоки. Дури после 1353, дошло до слабеење и конечен крај на оваа пандемија.
7.Шпански грип 1918. Започнал во март 1918 година, а траел до јуни 1920. Со него се заразиле отприлика една третина од населениот во светото ( помеѓу 500 и 600 милиони), а починале помеѓу 50 и 100 милиони. Шпанскиот грип се смета за една од најголемите катастрофи во историјата на човештвото и може да се споредува со чумата од 16-от век. Се уште не е јасно од каде започнал , но првите случаи биле забележани во Шпанија. Најчесто страдале лица на возраст 20 до 40 години, што за грип било доста необично.
8.Трета пандемија на колера 1852. Светот го имаат зафатено вкупно седум епидемии на колера, но третата се смета за најтешка. Траела 8 години, а се смета дека низ Европа, Азија, Африка и Северна Америка се проширила од Индија. Во Лондон било откриено дека заразата се ширела преку контаминирана вода, со оглед дека цел еден кварт се снабдувал од иста пумпа. Само во Лондон починале над 23.000 луѓе. Вкупниот број на жртви во светот бил околу еден милион.

9.Шеста пандемија на колера 1910. Се појавила во Индија, каде починале 800.000 луѓе. Потоа се проширила на Блискиот Исток, САД, северот на Африка, Русија и на Источна Европа. Благодарение на лекциите од минатото, во Америка болеста успеале да ја стават под контрола, така што ги изолирале заразените. Поради тоа таму биле забележани минимални човечки жртви.
10.Пандемија со ХИВ 1981. Се уште не е познато каде е забележан првиот случај на зараза со вирусот ХИВ. Според некои записи, тоа било во Норвешка во шеесеттите години, но има и тврдења дека првиот случај бил во Конго во 1976. Поголем број научници веруваат дека вирусот преминал од шимпанзо на луѓе во Западна Африка. Првиот случај на заразен од ХИВ – СИДА е регистриран во САД во 1981 година. Луѓето тогаш не знаеле како се шири вирусот и тој брзо се проширил и предизвикал глобална криза одземајќи над 36 милиони живото во светот. Со години немало ниту лек ниту вистински третман за болните од сида. Иако вирусот не е искоренет ни ден денеска, развојот на медицината и лековите овозможи нормален живот на заразените со земање терапија. Се проценува дека во светот денеска со ХИВ живеат над 35 милиони луѓе, од што повеќе од 60 % се во Африка.