
Кои се најдобрите трилери за 2021 година? Од огромни блокбастери до мали интимни приказни, трилерите во 2021 направија добри приказни и успешно ја задржат публиката пред екраните.
Нема ништо попривлечно од добар трилер, а изминатата година имаше што да понуди од овој жарн. Овие филмови со различни приказни успешно ги задржаа гледачите на своите седишта и да се запрашаат што следно ќе се случи.
Ајде да видиме кои се најдобрите трилери според IMDb во 2021 година.
Matt Damon во филмот Stillwater се јавува како татко на млада девојка која е во затвор во Франција поради убиство на својата девојка. Убеден во нејзината невиност, тој ќе замине во Франција и ќе се обиде да ја ослободи својата ќерка. Фановите велат дека станува збор за привлечна и втемелена приказна.
Најголемата вистина – нов македонски филм кој комбинира четири жанрови
Natasha Romanoff прв пат го добива својот прв соло филм каде што детално се соочува со своето драстично минато и нејзиниот комплициран однос со семејството.
Иако филмот го испорачува видот на хумор и возбуда што гледачите го очекуваат, сепак станува збор за мрачна приказна која мора да ја погледнете.
Кога ќе го прочитате насловот веројатно ќе помислите на некоја комедија или пародија на John Wick, но овој филм ги изненади гледачите и стои на листата на најдобро рангирани трилери. Nicolas Cage се јавува како повлечен ловџија на тартуфи со неговата доверлива свиња. Кога ќе остане без своето прасе, ќе влезе во мисија во подземниот свет за да го врати назад.
Ги гледавме во криминалните комедии како „Snatch and Lock“, „Stock“ и „Two Smoking Barrels“, а сега Jason Statham and Guy Ritchie повторно се здружија во една помрачна и пожестока криминална приказна. Ќе го запознаете Statham кој е мистериозен човек вработен како возач на блиндиран автомобил со тајна агенда во својот ум. Филмот раскажува приказна за грабеж и е исполнет со брутално насилство, а крајот дефинитивно нема да го очекувате.
Blake Nelson е тивок фармер кој што позади себе крие насилно минато. Како што секоја вистина излегува на виделина, така ќе се дознае и дека станува збор за одметник во бегство. Western ни раскажува интензивна и возбудлива приказна со Нелсон кој дава ѕвездени водечки перформанси. Успева да се спротивстави на другите западни авантури и покрај прилично едноставната приказна и ограниченото опкружување.
Филмот го прикажува James Bond соочен со нов и опасен непријател кој се обидува да го раскине неговиот нов живот надвор од шпионскиот свет. Интригата и напнатоста на приказната функционираат исто како и акционите моменти.
Guillermo del Toro продолжува да се докажува како еден од најдобрите на филмското платно. Bradley Cooper е изведувач на патувачки карневал со талент за манипулација. Овој филм е рангиран како еден од најдобрите филмови на del Toro бидејќи режисерот очигледно ужива во креирање на мрачни филмови заедно со неговата актерска екипа: Cate Blanchette, Rooney Mara и Willem Dafoe.
Иако е првиот филм на Јoel Coen снимен без својот брат Ethan Coen, трагедијата се покажува како волшебна слика од едно од најпознатите дела на Вилијам Шекспир. Denzel Washington го глуми Магбет кој патува по сè помрачен и насилен пат во неговиот очајнички обид да стекне моќ.
Филмот ја раскажува вистинската приказна за Mohamedou Ould Slahi кој се борел за својата слобода откако бил држен од американската влада со години, без обвинување. Tahar Rahim се јавува како главна улога, а му се придружуваат и Jodie Foster и Benedict Cumberbatch и на приказната и даваат еден поинаков мотивациски правец.
Denis Villeneuve го носи најмасивниот научно – фантастичен роман на Dune на големото платно во неговата приказна од два дела. Меѓугалактичкиот трилер го следи кралското семејство кое ја наследува контролата на опасна, но витална планета само за да биде опкружена со непријатели како дел од огромен заговор.