
Американец кој морал да го напушти училиштето во 1930-тите добил диплома за средно образование по повеќе од 80 години.

Фото: Youtube News rme
Училиште во Западна Вирџинија објави дека Мерил Питман Купер (101) го посетувал колеџот Сторер, поранешно средно училиште, но го напуштил во последно одделение во 1938 година, кога се преселил со мајка си поради финансиски причини.
За време на неговата посета на колеџот во 2018 година, Купер се пожали дека никогаш не дипломирал, па членовите на неговото семејство се обратиле до училишната администрација во округот Џеферсон. Ова резултираше со врачување на почесната диплома на Купер овој месец на церемонија на која присуствуваа членовите на неговото семејство.
„Училиштата во округот Џеферсон се посветени да му помогнат на секој ученик, млад или стар, да го исполни својот сон“, рече директорот на училишниот систем на округот Бонди, Шеј Гибсон-Лерн.
„За г-дин Купер тоа значеше добивање на диплома за средно образование. Почестени сме што неговиот сон го претворивме во реалност.