
Секоја година на 27.3 се одбележува Светскиот ден на театарот. Иницијативата за одбележување на 27 март како Светски ден на театарот е од Интернационалниот театарски институт – ИТИ на УНЕСКО во јуни 1961 година.

Театарот е пиреј. Преживува и преживеал сѐ, потенцира театрологот, писателка и професор на Факултетот за драмски уметности во Скопје, Ана Стојаноска, во својата порака по повод Светски ден на театарот – 27 Март.
Според Стојаноска, театарот преживува и преживеал сѐ, не само болести, војни, уништувања, туку и печатот, радиото, телевизијата, видеото, дури и интернетот.
Истакнува дека театарот ја носи во себе интимната човекова доблест – да се снајде! Исто колку што ја носи и таа да се спротивставува.Театарот е гласот на отпорот кога сите други гласови се замолчени.
Стојановска ги охрабрува драмските автори, а посебно помладите писатели, да пишуваат поотворено, моќно и храбро. Актерите да се предизвикаат себеси и да не направат поголеми изведби.
Режисер на театарски претстави и опери, програмски директор на фестивали, Питер Селерс од САД во светската порака по повод Светски ден на театарот вели дека театарот е уметничка форма на доживување.
Ефтим Трајчов Ѓаурски: На младите не им треба порака, им треба поддршка!
Во светот преоптеретен од празни пресс кампањи, симулирани искуства, одвратни прогнозирања, како да се издигнеме над бесконечното повторување на броеви за да го искусиме квалитетот и едноставноста на животот, суштината на екосистемот, пријателството, квалитетот на светлината на чудното небо? Две години КОВИД-19, кој ги отапе сетилата на луѓето, го ограничи животот на луѓето, ги скрши врските, и не постави на чудна нулта точка во човечкиот хабитат. Кои семиња се потребни да се посадат и повторно насадат во овие години, и што е надраснувањето на инвазивните видови кои потребно е конечно и засекогаш да се отстранат? Толку многу луѓе се на работ. Толку многу насилство проникнува, ирационално или неочекувано – вели Селерс во пораката.
Театарот на епската визија, цел, обнова, исцелување и грижа има потреба од нови ритуали, истакнува Селерс.
Нека е честитит Светскиот ден на театарот!