
Во Норвешка ќе платите казна од 336 евра доколку испрскате пашак додека возите. Дождовите се суштински дел од пролетта и есента во Норвешка, но тоа не ги спречува жителите да уживаат на отворено. Проблемите се јавуваат кога патиштата се полнат со вода и им го отежнуваат возењето на возачите.

Photo:punkufer.dnevnik.hr
Веб-страницата The Norway Guide, која ја претставува земјата во северна Европа, истакнала дека прскањето на минувачите со вода при возење е незаконско. За да се спречи ваквото сценарио возачите се охрабруваат да возат побавно додека минуваат покрај пешаци. Во спротивен случај ќе бидат парично казнети.
Прскањето на пешаците е забрането и во некои други земји во светот. Во некои делови на Соединетите Американски Држави,може да бидете казнети со 175 долари ако се открие дека намерно сте испрскале пешаци со вода.
Според Законот за патен сообраќај на ОК од 1988 година прекршок е да се вози без разумна грижа за другите луѓе, а тоа вклучува и возење што предизвикува прскање на пешаците. Максималната можна казна за овој прекршок е 5.000 фунти. Во Јапонија е исто така забрането. Ако потопите пешак со вода додека поминувате покрај него возејки, ќе мора да платите казна до 7.000 јени или околу 45 евра.