ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
28.05.2023
336 евра казна ако испрскате пешак: европска земја во која возачите многу внимаваат за време на дожд
Автор: Goce Author

Во Норвешка ќе платите казна од 336 евра доколку испрскате пашак додека возите. Дождовите се суштински дел од пролетта и есента во Норвешка, но тоа не ги спречува жителите да уживаат на отворено. Проблемите се јавуваат кога патиштата се полнат со вода и им го отежнуваат возењето на возачите.

Photo:punkufer.dnevnik.hr

Веб-страницата The Norway Guide, која ја претставува земјата во северна Европа, истакнала дека прскањето на минувачите со вода при возење е незаконско. За да се спречи ваквото сценарио возачите се охрабруваат да возат побавно додека минуваат покрај пешаци. Во спротивен случај ќе бидат парично казнети.

Прскањето на пешаците е забрането и во некои други земји во светот. Во некои делови на Соединетите Американски Држави,може да бидете казнети со 175 долари ако се открие дека намерно сте испрскале пешаци со вода.


Најчудните осигурувања – задници, насмевки, влакна, јазик….


Според Законот за патен сообраќај на ОК од 1988 година прекршок е да се вози без разумна грижа за другите луѓе, а тоа вклучува и возење што предизвикува прскање на пешаците. Максималната можна казна за овој прекршок е 5.000 фунти. Во Јапонија е исто така забрането. Ако потопите пешак со вода додека поминувате покрај него возејки, ќе мора да платите казна до 7.000 јени или околу 45 евра.

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија