ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
12.12.2023
46% од луѓето во ЕУ имале емотивен или психолошки проблем во минатите 12 месеци
Автор: Goce Author

Евробарометар го истражува менталното здравје на луѓето во Европа. Еве некои од податоците до кои дошле:

Луѓето со најмногу енергија се сметаат луѓето од Грција, додека пак со најмалку енергија се сметаат луѓето од Естонија.

Како најсреќени луѓе се сметаат луѓето од Данска, додека пак како најмалку среќни се сметаат луѓето од Италија.

За најсмирени луѓе се сметаат луѓето од Литванија, додека за најмалку смирени се сметаат луѓето од Малта.

За најнапнати луѓе се сметаат луѓето од Кипар, додека за најмалку напнати луѓе се сметаат луѓето од Шведска

За најуморни луѓе се сметаат луѓето од Финска, додека пак за најмалку уморни се сметаат луѓето од Бугарија.

Ова е само еден дел од истражувањето кое што го направиле Евробарометар.

46% од испитаниците доживеале емоционален или психосоцијален проблем, како што е чувството на депресија или анксиозност, во последните дванаесет месеци.
89% од испитаниците сметаат дека унапредувањето на менталното здравје е исто толку важно како и физичкото здравје. Во исто време, помалку од половина од испитаниците се согласуваат дека луѓето со проблеми со менталното здравје добиваат исто ниво на грижа како и оние со физичка состојба. 
54% од испитаниците со проблем со менталното здравје не добиле помош од стручно лице. Повеќето испитаници одговориле дека неодамнешните светски настани влијаеле на нивното ментално здравје.

62% од граѓаните на ЕУ мислат дека неодамнешните светски настани (пандемијата KОВИД-19, руската агресија врз Украина, климатската криза, невработеноста и трошоците за храна и енергија) „некако“ или „големо“ влијаеле на нивното ментално здравје. Најважни фактори за да се постигне добро ментално здравје се условите за живот (изнесува околу 60%), потоа финансиската сигурност (изнесува околу 53%), физичката активност и социјалниот контакт (изнесуваат околу 41%).

Текстот е изработен од страна на средношколци практиканти од СОУ Коле Нехтенин – Штип, како дел од соработка меѓу ГОЦЕ.МК и средните училишта.

Автори: Антониа Симјоновска и Меланија Панева

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија