
Адел си го навлече гневот на фановите со астрономските цени за серијата концерти во Лас Вегас. Цените на билетите достигнуваат до 40.000 долари.

Фото: Gossip room
Билетите за првото шоу на британската пејачка Адел во Лас Вегас се продаваат за повеќе од 40.000 долари на одредени веб-страници, додека билетите за други концерти може да се најдат по цена од 20.000 долари.
Неделава пејачката објави нови датуми за серија концерти во Лас Вегас, откако претходно беше принудена да ги одложи настапите само 24 часа пред премиерата во јануари оваа година.
Заедно со 24 одложени претстави, најавени се осум нови, а ќе има вкупно 32. Концертите ќе се одржат од 18 ноември 2022 година до 25 март 2023 година.
Според соопштението на Ticketmaster, компанијата која продава и дистрибуира билети, сите постоечки билети важат за новиот датум. Понатаму, ќе има помал број дополнителни билети за сите 32 претстави.
Сепак, пристапот до секоја претпродажба ќе биде ограничен, според Ticketmaster, со приоритет на фановите кои купиле билети за претходните претстави.
Набргу по објавувањето, беше објавено и дека билетите за вечерта на отворањето чинат помеѓу 600 и 41.000 долари на веб-страницата Stubhub.
Во понеделникот, Блумберг објави дека достапни се два билети од 41.280 долари за настапот на Адел на 18 ноември. Според веб-страницата, двајцата носители на билети ќе седат заедно.
Според извештајот на публикацијата, билетите во најмалку шест други ценовни категории се продавале за 20.000 долари или повеќе.
Двабилети за божиќното шоу беа продадени за повеќе од 23.000 долари на веб-страницата за препродажба Gametime.
Во изјава за Bloomberg, извршниот директор на Gametime, Метју Радос, ги припишува високите цени за препродажба на одложените настапи и фактот дека Адел „не прави многу шоуа во живо“.