

Фото: Bilboard
Новиот албум на Адел „30“ се искачи на првото место и стана најпродаваниот албум на годината. Албумот наречен „30“ го собори рекордот на некогаш многу популарната поп група АББА.
Според пејачката од Лондон, „30“ е обид да му го објасни разводот од сопругот на деветгодишниот син. Критичарите, пак, го прогласија за нејзин најдобар албум досега.
Во првата недела од објавувањето продадени се 261.000 примероци од албумот „30“. Иако овие бројки придонесуваат албумот да се закити со епитетот најпродаван, сепак, бројките за продажба се помали за Адел во споредба со нејзиниот претходен албум „25“, објавен во 2015 година.