ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
07.11.2023
AI пријател ќе ни ја намали осаменоста
Автор: Goce Author

AI (вештачка интелигенција) пријател креиран по ваша мерка и замисла ќе може да ви помогне да ја победите осаменоста.

Судејќи според кодот во апликацијата Инстаграм, инженерите на Цукерберг работат на тоа да им овозможат на луѓето да создадат „пријатели“ засновани на вештачка интелигенција за да разговараат.

Фото: Replika

Не е тајна дека „Мета“ работи на различни алатки за вештачка интелигенција, но овој пат фокусот е на разговорот со луѓето. Според првите навестувања, личностите создадени со помош на вештачка интелигенција би можеле да се приклучат на разговори, па дури и да прават шеги.

Некои понапредни верзии би можеле да дозволат разговори со АI верзии на познати личности или бизниси, на пример.

AI „пријателот“ ќе можете да го бирате по сопствена мерка

Но, се чини дека новата алатка е конкретно насочена да им дозволи на луѓето да ја надминат здодевноста или осаменоста. Алатката ќе им дозволува на луѓето да ја изберат личноста на нивниот AI пријател.

Љубовта и сексот загрозени од вештачката интелигенција?

Алесандар Палуци, експерт за апликации, најде референци за новата функција во платформата. Инстаграм одби да коментира, но познато е дека компанијата работи на голем број функции кои никогаш не се појавуваат во јавната верзија на апликацијата.

Се чини дека кодот сугерира дека луѓето би можеле да го изберат полот, возраста и етничката припадност на нивниот другар со вештачка интелигенција. Потоа би избрале личност користејќи низа карактеристики, за пријателот да биде ентузијаст или духовит.

Вашиот пријател потоа ќе добие име и лице, со него ќе може да се разговара преку директни пораки на Инстаграм.

Слични алатки се во развој и за други „Мета“ платформи, како што се WhatsApp и Messenger.

И други апликации, како што е Snapchat, работеа на сопствени чет-ботови базирани на вештачка интелигенција. На нив може да им се испраќаат пораки на ист начин како вистинските пријатели од реалниот живот.

Цукерберг: Мислам дека ќе има AI кои можат да кажуваат шеги

Марк Цукерберг јавно изјави дека Мета работи на повеќе модели со вештачка интелигенција. Тие се насочени кон различни цели кои ќе бидат достапни за разговор. Тој неодамна рече дека компанијата „не мисли дека сакаме да имаме една голема суперинтелигенција“. Наместо тоа ќе изгради различни системи за вештачка интелигенција со кои може да се разговара во различни контексти.

Некои од нив може да бидат изградени за бизниси, на пример, така што вештачката интелигенција може да разговара со луѓето за прашања како рефундирање или креаторите можат да изградат системи за вештачка интелигенција што ја имитираат нивната личност за обожавателите да разговараат со нив. Но, другите можеби се само за разговор со пријателите, објасни Цукерберг.

„Ќе имаме безброј случаи за употреба за кои мислам дека се само забавни. Мислам дека ќе има AI кои можат да кажуваат шеги, па можете да ги вклучите во разговор со вашите пријатели. Многу размислувам за тоа, бидејќи ние сме социјална компанија“, рече првиот човек на „Мета“ на подкастот со Лекс Фридман.

Вештачка интелигенција препорачувала отровни јадења

„Мислам дека во основа им помагаме на луѓето да се поврзат на различни начини. „Дел од она што ме возбудува е како можете да им овозможите на овие видови на вештачка интелигенција да ја олеснат врската помеѓу две или повеќе луѓе, да ги ставите во групен разговор, да го направите групниот разговор поинтересен без оглед на вашите интереси, спорт, мода, ситници“. – изјави Цукерберг.

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија