

Ајде да се вратиме 50.000 години назад. Замислете дека сте во шума и наеднаш слушате звуци од тигар. Телото почнува да трепери, пулсот ви се забрзува, очите се шират и телото е полно со адреналин. Сето ова е во ред бидејќи сте свесни дека сте спремни да се соочите со тигарот и одеднаш од грмушките излегува мала лисица. Спремни сте за одбрана, ама свесни сте и дека нема толкава опасност.
Само што ве опишав кога сте вознемирани. Заменете го тигарот со социјалните медиуми, сообраќај, политика, Ковид – криза, пари, секојдневни грижи, климатски промени, стрес на работното место, семејна драма… и ќе видите зошто аксиозноста е најчестата ментална болест во светот. Телото мора да е спремно за борба секогаш.
Аксиозноста е импулс во телото што вели: „Во моментов не сум безбеден.“ – вели д – р Elisabeth Stanley, автор на книгата „Тренинг на телото и мозокот за време на стрес и оздравување од траума“
Во својата работа, Stanley прави разлика меѓу мозокот кога размислува , донесува одлуки и расудува и мозокот кога преживува, односно кога се справува со основните потреби за живот и возбуда. Според неа, една од најважните функции во мозокот е невропроцесијата, несвесниот начин на брзо скенирање на средината во која постои опасност. Кога мозокот ќе забележи опасност, испраќа моментална порака за стрес до телото која резултира со ослободување на специфични хормони кои доведуваат до одредени промени во ритамот на срцето и дишењето.
„Што и да се случува во мозокот во моментот на стресна ситуација, резултатот е во телото“ – вели Stanley

За разлика од нашите предци кои се справувале со вознемираност со трчање и бегање од опасноста или борба, луѓето кои денеска страдаат од аксиозност се свртуваат кон нивниот пријател кој постојано размислува – нивниот мозок. Проблемот овде е што кога станува збор за регулирање на аксиозност, мозокот е најлошата алатка за работа. Користењето на мозокот во обид да се даде одговор дека се е во ред дури и кога телото не се чувствува така е една од најчестите работи што им се случува на луѓето кои патат од аксиозност.
„Доколку и вие како мене поминувате часови и денови во разговарање за вашите мисли и чувства и во анализирање на причините за вознемиреност, тогаш во себе ја имате најголемата таблета за голтење. Сето ова зборување и размислување може да ја натера вознемиреноста да биде уште поголема, бидејќи мозокот на преживување сака да не’ заштити и да ни даде до знаење дека секогаш се е во ред, а мозокот на размислување ги доживува работите многу посилно.“– вели Stanley

Што потоа?
Иако терапиите за разговор со стручно лице се уште се главни решенија за оваа проблематика, постојат и други модули кои го менуваат психичкото разбирање.
Stanley која нуди фитнес за умот се фокусира на техниките за внимателност. Иако звучи клише да се каже дека во момент на вознемиреност треба да се направат 10 длабоки вдишувања, таа стои дека тоа помага во когнитивните перформанси за време на стрес и зголемување на регулација и поттикнување на враќање во основна состојба после доживеан стрес или возбуда.
„Кога нашето тело има одговор на стрес, првот нешто е да станеме свесни за предметите што ќе му помогнат на мозокот да увиде дека се безбедни. Еден од начините е да станеме свесни дека нашето тело е во контакт со околината. Пример кога сме надвор да се фокусираме дека нашите стапала се во контакт со земјата по која чекориме. Потоа е полесно за мозокот да го започне процесот на закрепнување.“
Друг начин е вежбањето. Кога телото е во аксиозна состојба, вежбите како скокање на јаже или трчање по скали барем 10 минути ќе му помогнат на мозокот да закрепне.
Извор: https://elemental.medium.com/anxiety-is-in-your-body-not-your-mind-93031abd14eb