ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
20.02.2024
Американец тужи лотарија откако неговата добивка е одбиена
Автор: Goce Author

Човек од Вашингтон поднел тужба против лотаријата „Powerball“ откако му бил одбиен џекпот од 340 милиони долари и покрај тоа што неговиот тикет одговарал на добитната комбинација прикажана на веб-страницата на лотаријата.

Џон Чикс купил Powerball тикет на 6 јануари со комбинација од бројки кои за него имале лична важност, како што се датумите на раѓање на неговото семејството. Чикс рече дека не го видел извлекувањето во живо следниот ден, но ги видел неговите броеви наведени како добитна комбинација кога ја проверил веб-страницата на Powerball следниот ден.

„Малку се возбудив, но не викав, не врескав. Само учтиво се јавив на пријател. Сликав како што ми препорача и тоа беше тоа. Отидов да спијам“, изјави тој во интервју за NBC.

Следниот ден кога отиде во Канцеларијата за лотарија и игри за да го предаде својот тикет, неговото барање беше одбиено. Канцеларијата за лотарија и игри вели дека бројот што Чикс го видел на веб-страницата бил дел од тест и не се совпаѓа со вистинската добитна комбинација која била извлечена на 7 јануари во живо, па тоа било причината зошто тикетот се појавил како не добитен.

Чикс исто така изјави дека еден член на персоналот му рекол да го фрли својот тикет во канта во канцеларијата бидејќи не бил добитен, но тој сепак го зачувал и веднаш контактирал адвокат.

Тој сега ја тужи лотаријата за 340 милиони долари.

Текстот е изработен од страна на средношколци практиканти од СОУ Коле Нехтенин – Штип, како дел од соработка меѓу ГОЦЕ.МК и средните училишта.

Автор: Кирил Стојанов

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија