ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
22.08.2023
Aмстердам „чисти“ туристи со кампања „Stay away“
Автор: Goce Author

Амстердам годинава направи кампања „Stay away“ првенствено за младите британски туристи, а сега ќе го ограничат пристигнувањето на бродовите за крстарење…

Фото: punkufer.dnevnik.hr

Масовниот туризам одамна зеде замав, па некои градови решија да застанат и да кажат – доста. Последната одлука за сузбивање на масовниот туризам ја донесе Амстердам, со одлука за забрана за пристигнување на бродови за крстарење. Холандската престолнина не е првиот, а веројатно ниту последниот град кој се одлучил на овој потег, со желба на овој начин да ги „избрка“ еднодневните туристи.


Десетте најневеројатни граници во светот


Некои туристички дестинации активно ги „молат“ посетителите да ги избегнуваат. Некои градови популарни за пиење и ергенски забави преземаат мерки за да го искоренат таквото однесување на туристите.

Амстердам, главниот град на Холандија, познат по музеите, баровите и каналите е еден од нив. Градот неодамна започна кампања „Stay away“ наменета првенствено за младите британски туристи кои диво доаѓаат да се забавуваат. Исто така, градот забрани пушење канабис на улиците.

Фото:punkufer.dnevnik.hr

Но тоа не е се

Со најновиот потег во борбата против масовниот туризам, Амстердам е подготвен да им забрани на бродовите за крстарење да влезат во градот. Во моментов, бродовите за крстарење можат да се закотват во близина на центарот на градот во Круз Порт Амстердам, кој се наоѓа во центарот на холандската престолнина.  Тој е на непосредна близина од популарните туристички дестинации како што се Кралската палата, Куќата на Ана Франк и округот Црвена светлина.

Фото: punkufer.dnevnik.hr

Приливот на посетители на еднодневните патувања од бродовите за крстарење и загадувањето предизвикано од пловните објекти не и се допадна на амстердамската коалиција на зелени и центристички партии. Тие како причини за забраната ги наведоа „дневното загадување на воздухот“ и „притисокот врз квалитетот на животот“. Коалицијата изјавила дека бродовите за крстарење „не се во согласност со одржливите амбиции на градот“ и ги нарушуваат плановите за развој за нов мост што ќе го поврзе историскиот јужен кварт на градот со областа Норд.

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија