
Аналогните часовници можат да заминат во историја, затоа што новите, „дигитални“ генерации не можат да го препознаат времето на нив.

Photo by Sonja Langford on Unsplash
До седумгодишна возраст, децата треба да бидат способни да го кажуваат времето со помош на аналоген часовник, но се чини дека многумина брзо ја забораваат таа вештина.
Аналогните часовници во просториите за испити во Велика Британија ќе бидат заменети со дигитални бидејќи „учениците имаат проблем да го кажат времето на традиционалниот часовник“.
Според Дејли Мејл, наставниците се загрижени затоа што децата погрешно го пресметуваат преостанатото време за време на испитите или губат драгоцено време броејќи го.
„Свесни сме дека некои училишта ги заменуваат аналогните часовници со дигитални. Младите кои полагаат испити се воспитани во дигитална ера и многумина едноставно не гледаат вакви уреди како што беше вообичаено кај постарите генерации“, рече Џеф Бартон, генерален секретар на Здружението на директори и декани .
Водачите на образованието велат дека дигиталните часовници на паметните телефони се главен двигател на младите луѓе кои ја губат способноста да им кажуваат време на аналогните часовници.