
Системот на Андроид ги предупреди жителите за земјотресот неколку секунди пред да се случи. Kорисниците на мобилни телефони биле предупредени за тоа што ќе се случи и добиле насоки како треба да постапат.

Photo by: addreso.co
— Silvana (@Silvana71376830) April 23, 2022
Сепак Андроид овој систем го тестирал во 2020 година. Со оглед на тоа што земјотресите може да бидат чести и последиците да бидат катастрофални, Андроид вели дека предупредувањето за можноста од земјотерес може да им обезбеди на луѓето навремени и корисни информации како да останат безбедни.
Гоце.мк – Планетата Земја нема да се зачува сама – (goce.mk)
Андроид својата соработка ја започнале со Геолошкиот институт на Соединетите Американски Држави (USGS) и Канцеларијата за итни служби на гувернерот на Калифорнија (Cal OES), за да испратат предупредувања за земјотрес, овозможени од ShakeAlert®, директно до уредите со Android во Калифорнија. Развиен од водечките сеизмолози во нацијата, системот ShakeAlert користи сигнали од повеќе од 700 сеизмометри инсталирани низ државата од USGS, Cal OES, Универзитетот во Калифорнија Беркли и Калифорнискиот институт за технологија.

Извор: Android
Покрај Калифорнија, оваа мрежа е достапна насекаде ширум светот, како што се случи со жителите на кои им пристигнаа пораки за земјотресот.
На оваа мрежа работат и глобално познатите експерти за сеизмологија и катастрофи, д-р Ричард Ален, д-р Чингкаи Конг и д-р Луси Џонс, со цел да може што почесто да се откриваат земјотресите пред да се случат низ целиот свет.
Иако ова изгледа супер, сепак треба да се запрашаме што е следно? Дали можеби технологијата станува дел од секојдневните потреби на луѓето?