ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
23.04.2022
Андроид предупреди за земјотресот пред да се случи – како е можно тоа?
Автор: Goce Author

Системот на Андроид ги предупреди жителите за земјотресот неколку секунди пред да се случи. Kорисниците на мобилни телефони биле предупредени за тоа што ќе се случи и  добиле насоки како треба да постапат.

Photo by: addreso.co

 

Сепак Андроид овој систем го тестирал во 2020 година. Со оглед на тоа што земјотресите може да бидат чести и последиците да бидат катастрофални, Андроид вели дека предупредувањето за можноста од земјотерес може да им обезбеди на луѓето навремени и корисни информации како да останат безбедни.

Гоце.мк – Планетата Земја нема да се зачува сама – (goce.mk)

Најпрвите сигнали за очекуван земјотрес до уредите со Андроид биле во Калифорнија

Андроид својата соработка ја започнале со Геолошкиот институт на Соединетите Американски Држави (USGS) и Канцеларијата за итни служби на гувернерот на Калифорнија (Cal OES), за да испратат предупредувања за земјотрес, овозможени од ShakeAlert®, директно до уредите со Android во Калифорнија. Развиен од водечките сеизмолози во нацијата, системот ShakeAlert користи сигнали од повеќе од 700 сеизмометри инсталирани низ државата од USGS, Cal OES, Универзитетот во Калифорнија Беркли и Калифорнискиот институт за технологија.

Извор: Android

Изградба на најголемата мрежа за рано откривање на земјотреси  во светот

Покрај Калифорнија, оваа мрежа е достапна насекаде ширум светот, како што се случи со жителите на кои им пристигнаа пораки за земјотресот.

  • „Ние во суштина се натпреваруваме со брзината на светлината (што е приближно брзината со која се движат сигналите од телефонот) со брзината на земјотресот. И за нас среќа, брзината на светлината е многу поголема!“, изјавиле од Андроид.

На оваа мрежа работат и глобално познатите експерти за сеизмологија и катастрофи, д-р Ричард Ален, д-р Чингкаи Конг и д-р Луси Џонс, со цел да може што почесто да се откриваат земјотресите пред да се случат низ целиот свет.

Што е следно?

Иако ова изгледа супер, сепак треба да се запрашаме што е следно? Дали можеби технологијата станува дел од секојдневните потреби на луѓето?

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија