
Уште на стартот да расчистиме дека станува збор за комична серија во која учествува сегашниот претседател на Украина Володимир Зеленски, а дејствието кое се случува е многу актуелно денес.
Имено, серијата се вика „Слуга на народот“ и се емитувала во 2017та година, а Зеленски го глуми ликот Васил Петровиќ Холобородко.
Во една од епизодите наводно Ангела Меркел му ѕвони телефонски на Зеленски и го известува дека неговата земја влегла во Европската Унија. За жал овој исечок од серијата денес е популарен поради актуелните случувања во земјата.
Во однос на односите ЕУ – Украина, најновите информации се дека Зеленски барал итен прием на неговата земја во Унијата, а земјите од ЕУ имплементираа нови санкции кон Русија.
Во продолжение погледнете го исечокот од серијата.