
Антибиотици произведени од вештачка интелигенција може да направат револуција во лекувањето на бактериите, дури и на смртоносните типови на супербактерија.

Image by DCStudio on Freepik
Научниците користеле вештачка интелигенција (АИ) за да откријат нов антибиотик кој може да убие смртоносен тип на супербактерија, објави Би-Би-Си.
AI помогна да се намалат илјадници потенцијални хемикалии на само неколку за тестирање во лабораторија.
Резултатот беше моќен, експериментален антибиотик наречен абацин, на кој ќе му треба дополнително тестирање пред да може да се користи.
Истражувачите во Канада и САД велат дека вештачката интелигенција има моќ во голема мера да го забрза откривањето на нови лекови.
Победник на фото-натпревар делото го направил со помош на вештачка интелигенција
Тоа е последниот во серијата примери за тоа како алатките за вештачка интелигенција можат да бидат револуционерна сила во науката и медицината.
Антибиотиците ги убиваат бактериите, но има недостиг на нови лекови со децении, а бактериите стануваат сè потешки за лекување бидејќи развиваат отпорност на постоечките лекови.
Повеќе од милион луѓе годишно умираат од инфекции кои се спротивставуваат на антибиотскиот третман.
Истражувачите се фокусираа на еден од најпроблематичните видови бактерии – Acinetobacter baumannii – кој може да зарази рани и да предизвика пневмонија.
Тоа е една од трите супербактерии идентификувани од Светската здравствена организација како „критична“ закана.

Фото: Unsplash
Често не реагира на различни антибиотици и е проблем за болниците и домовите за стари лица. Таму може да преживее на површини и медицинска опрема.
Доктор Џонатан Стоукс, од Универзитетот Мекмастер, ја опишува бактеријата како „јавен непријател број еден“ и вели дека многу често е отпорна на речиси секој антибиотик.
Креаторот на ChatGPT побара регулација на вештачката интелигенција
Следниот чекор е да се усоврши лекот во лабораторија и потоа да се спроведат клинички испитувања. Тој очекува дека првите антибиотици во чиј развој ќе помогне вештачката интелигенција би можеле да пристигнат во 2030 година.
Интересно е што овој експериментален антибиотик немал ефект врз другите видови бактерии и делува само на A. baumannii.
Многу антибиотици неселективно ги убиваат бактериите. Истражувачите веруваат дека прецизноста на абацинот ќе го отежне појавувањето на отпорноста на лекот и ќе доведе до помалку несакани ефекти.