
Регионалниот совет за соработка RCC ја лансира Регионалната награда за иновации за иновативни, скалабилни и пазарни решенија од Западен Балкан.

Наградата има за цел да го поддржи економскиот развој на Западен Балкан преку прифаќање на дигиталната трансформација и поттикнување на еколошката одржливост.
Целта на наградата за иновации „Пеперутка“ е да ја промовира иновациската култура во Западен Балкан преку прикажување на успешни иновативни достигнувања и зајакнување на чувствителните групи како што се младите и жените.
Може да се аплицира во шест категории.
Има за цел да препознае иновативни решенија кои можат да бидат од интерес за европските и светските пазари. Опфаќа која било од следниве теми:
Автомобилска индустрија,
Преработка на метал,
Креативни индустрии,
Агрофуд,
Зелена и кружна економија,
Туризмот и
Fintech, Edtech, Biotech, Healthtech и слични области.
Има за цел да ја подигне свеста за одржливи и еколошки иновативни решенија кои ја поддржуваат зелената транзиција на Западен Балкан. Наградата се однесува на следните теми:
Климатски активности насочени кон мерки за ублажување и адаптација,
Одржлива енергија, мобилност и земјоделство,
Борба против загадувањето,
Заштита на природата и биолошката разновидност.
Има за цел да препознае поединци, неформални групи или организации за извонредни достигнувања во областите STEM (наука, технологија, инженерство и математика). Поентата е да се поттикнат тимови во средното и високото образование кои значително придонеле за промовирање на важноста на STEM за индустријата на Западен Балкан (на пример, иновативни програми за образование или обука на STEM да ги охрабрат средношколците – по можност девојчиња или млади жени – да се запишат на високообразовни курсеви за STEM или да влезат во STEM кариери).
Има за цел да ги препознае иновативните достигнувања на студенти на додипломски студии или средношколци во која било од горенаведените теми.
Има за цел да ја промовира претприемничката култура на универзитетите за иновативни решенија создадени од истражувачите на универзитетите или студентите во која било од горенаведените теми.
Има за цел да ги идентификува, промовира и поттикне жените со иновативни решенија кои ќе ги инспирираат идните жени иноваторки и претприемачки во Западен Балкан. (Забелешка: Ако апликантот е компанија, жена или група жени треба да имаат најмалку 51% од сопственоста или да имаат раководна позиција(и) во компанијата.)

Најиновативната идеја во секоја од категориите ќе добие награда од 5 000 евра.
Процесот на аплицирање е отворен до 13 мај 2022 година, а добитниците ќе бидат објавени на 27 јуни 2022 година. Настанот ќе се пренесува во живо на профилите на социјалните мрежи на RCC.
Повеќе информации за Регионалната награда за иновации „Пеперутка“ се достапни на следниот линк.