ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
27.03.2023
Арктичкиот мраз го снемува, екосистемот во опасност
Автор: Goce Author

Пловечкиот морски мраз на Арктикот доживеа една од своите „најниски“ години досега, со петта најниска покриеност со мраз од почетокот на сателитското снимање во 1979 година, според Националниот центар за податоци за снег и мраз (NSIDC).

Фото: UC Davis

Податоците од центарот објавени минатата недела покажаа дека зимската ледена покривка го достигнала својот врв на 6 март и ќе продолжи да се намалува како што северната хемисфера се загрева со доаѓањето на летото.

Обемот на мраз денот на неговиот максимум беше 14,60 милиони квадратни километри. Тоа е околу еден милион квадратни километри помалку од просечниот максимум од 1981-2010 година. За споредба, мразот оваа година беше под просекот за површина поголема од цел Египет.

Арктичкиот морски мраз лебди во Арктичкиот Океан северно од Русија, Канада и северозападна Европа. Тој природно варира во зависност од годишните времиња. Тој се намалува во потоплите летни месеци за да достигне минимум во септември околу 50 проценти од својот зимски обем, пред да се зголеми во постудената зима.

Меѓутоа, во последниве години, морскиот мраз во зимските и летните месеци се намалува. Сите 10 најниски максимуми се случија од 2006 година, а во изминатите 16 години  забележани се 16 најниски минимуми. Некои мислат дека тоа е затоа што летната сезона на топење станува подолга во последните децении поради климатските промени. Тие повеќе ги загреваат океаните и затоа дозволува создавање помалку мраз во следните зими.

Научниците загрижени поради високите температури

NSIDC објави дека најнискиот регистриран максимум се случил на 7 март 2017 година, со само 14,40 милиони квадратни километри, по што следи вториот најнизок во 2018 година каде што се измерени 14,47 милиони квадратни километри мраз. Третата и четвртата најниска година беа 2016 и 2015.

Арктичкиот морски мраз е извонредно важен за екосистемот

Ова ги следи трендовите забележани во температурите на океаните како резултат на климатските промени. Податоците од НАСА покажуваат дека има нагорен тренд во последните децении. Според нејзините податоци, 2020 и 2016 година биле најтоплите години досега, а 2022 година била најтоплата година на океанот досега.

Во меѓувреме, морскиот мраз обезбедува живеалишта и клучна поддршка за широк спектар на видови, од поларни мечки и фоки до риби и морски птици. Без мраз, би можело да дојде до разорни ефекти врз арктичкиот екосистем.

Нивото веќе е намалено за речиси 200.000 квадратни километри од неговиот врв на 6 март. Тоа првенствено е поради загубата на мраз во Лабрадорското Море, Заливот Свети Лоренс и Баренцовото Море, според NSIDC.

Количината на мраз присутен во летните месеци исто така се намалува, се намалува за 12,6 отсто по деценија. Студијата објавена во списанието Communications Earth & Environment покажа дека е веројатно дека во текот на летните месеци, морскиот мраз наскоро може целосно да исчезне од Арктикот.

Климатските модели сугерираат дека летниот морски мраз во овој регион ќе се стопи во наредните децении, но неизвесно е дали тоа ќе се случи за 20, 30, 40 или повеќе години. Овој проект покажа дека сме многу блиску до ова сценарио, и дека температурите треба само малку да се зголемат пред да се стопи мразот“, рече Кристоф Пирс, доцент по геонауки на Универзитетот Архус во Данска и коавтор на трудот.

Тој додаде: „Студијата е повик за будење, бидејќи знаеме дека ќе се случи. Оваа вест не ја прави ситуацијата подепресивна, само поитна. Треба да дејствуваме сега за да ја промениме“.

УНФПА: Милиони луѓе уште во ризик за сексуалната и репродуктивна благосстојба
Пушење на отворено – на 5 метри од другите луѓе