
Атрактивни и тешки противници за некои рептрезентации донесе жребот за групите за Светското фудбалско првенство во Катар.
За некои селекции првоаприлското жребување и не беше баш шега, што посебно може да се каже за нашиот северен сосед, Србија. Судбината сакаше репрезентацијата на Србија да се најде во група со една од најголемите светски фудбалски сили, Бразил. Интересно е дека жребот овде си поигра уште повеќе, бидејќи покрај тоа што Стрбија беше во иста група со Бразил и на последното светско првенство во Русија, во истата група повторно се најде и Швајцарија, која исто така беше ривал и во Русија. Недостасуваше само уште Костарика, па овој пат четврти член на групата е Камерун. Во Русија, пласман во втората фаза обезбедија Бразил и Швајцарија.
Два фудбалски великани се најдоа и во групата Е – Германија и Шпанија. Покрај нив, тука е и Јапонија, а последниот член во оваа група ќе биде победникот од баражот Костарика – Нов Зеланд.
Дуел на фудбалски великани ќе има и во групата Ц, каде се најдоа Аргентина и Мексико, заедно со Полска и Саудиска Арабија. Актуелниот Светски првак Франција за ривали во групата Д ги доби Данска, Тунис и победникот од батражот Перу – Австралија/ОАЕ. Англија се чини ќе има лесна задача, за противници ги доби САД, Иран и победникот од баражот Шкотска – Украина, кој е одложен поради војната во Украина.
Хполандија би требало да нема проблеми во групата, против Сенегал, Еквадор и домакинот Катар, а Португалија за противници ги има незгодните Јужна Кореја, Уругвај и Гана. Хрватска својата шанса за повторување на големите успеси на светско ќе ја бара во тешка група, со Белгија, Мароко и Канада.
Македонија достоинствено во баражот, познати 27 учесници на СП
Светското првенство се игра во Катар, првпат не во летен термин, од 21 ноември до 18 декември, на 8 стадиони. Секојдневно ќе има по 4 натпревари, речиси секојдневно по некој голем дерби натпревар.
Во првите две кола натпревари ќе има од 11:00, 14:00, 17:00 и 20:00 часот по Средноевропско време.
Во третото коло од групната фаза и во нокаут фазата мечевите ќе почнуваат од 16:00 и 20:00 часот. Финалето ќе се игра во 16:00 часот.