ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
18.05.2022
Балетот „Жизел“ на сцената на Националната опера и балет
Автор: Goce Author

Балетот „Жизел“ на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе на 21 мај 2022, со почеток во 20.00 часот. Оваа претстава е дел од јубилејното 50.издание на фестивалот „Мајски оперски вечери“ 2022.

Балетот Жизел е романтичен балет во два чина. Од неговата праизведба во Париз 1841 година па до денес, тоа е еден од ретките балети кој има непрекината традиција на изведување. Во првиот чин  Жизел-девојка од село се среќава со грофот Алберт во која е вљубена без да знае дека е благородник. Шумарот Хиларион го разоткрива грофот пред сите и Жизел дознава дека тој има и  свршеница. Девојката умира од болка заради невозможната љубов. Во вториот чин се прикажува играта на самовилите, односно  девојки кои умираат пред својата свадба. Како ќе заврши балетот, оставаме да откриете самите.

500 танчери со флешмоб го најавија ЕП во танци

Диригент на претставата е Давид Мукерија од Грузија. Во насловната улога на оваа безвременска несреќна љубов, ќе настапи примабалерината од Романија Кристина Дижмару, а за музиката ќе се погрижи францускиот композитор Адолф Адам.

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
(Видео) Гоце.мк ве носи зад сцената на Макфест 2026