
Бали, популарната индонезиска дестинација за одмор, денеска повторно се отвора за целосно вакцинирани туристи од целиот свет.

Photo by Alec Favale on Unsplash
Сепак, иако имаат сертификат за целосна вакцинација, меѓународните патници ќе мора да поминат пет дена во карантин.
Оваа популарна светска дестинација можеби е еден од најилустративните примери како пандемијата го промени туризмот. Во 2021 година, до октомври, Бали го посетиле ни повеќе ни помалку, туку само 45 странски турсти! Во јули, авгист и септември, немало ниту еден странски турист.
Оваа одлука ја потврди и министерот за поморство, Лухут Панџаитан, кој рече дека за прв пат од почетокот на пандемијата ќе им биде дозволен влез на вакцинирани посетители од целиот свет.
Иако Бали го рестартираше домашниот туризам во средината на 2020 година, дури во октомври минатата година им беше дозволен влез на меѓународни патници, но само од 19 земји.
Властите се надеваат дека ова ублажување на ограничувањата за патување кое стапува на сила денеска ќе помогне за закрепнување на туризмот.
Да потсетиме, овој остров во првите 10 месеци од 2021 година го посетиле само 45 странски туристи.Податоците објавени од Централната статистичка агенција на Бали покажуваат дека најголем број посети имало на почетокот на годината, кога примиле 10 туристи во јануари и уште 12 во февруари.
Најмирни месеци биле јули, август и септември. За тоа време Бали не бил посетен од странски туристи.
Повеќе од милион странци го посетија Бали во 2020 година – од кои повеќето патуваа таму во првите три месеци од годината. Вкупниот број на туристи е значително помал од 2019 година, кога островот го посетиле 6,2 милиони туристи.