
Џеф Безос го загуби статусот на втор најбогат човек во светот, падна на третото место, додека индискиот бизнис магнат Гаутам Адани забрзано се искачува на рангирањето на индексот на милијардери на Блумберг.

Гуатам Адани
Илон Маск и понатаму е најбогатиот човек на светот со 260 милијарди долари, пишува biznisz.info
На Адани му требаа помалку од 10 месеци за да стигне до второто место откако годината ја започна на 14-то место. Ова е прв пат Азиец да се рангира толку високо на листата на Блумберг, на која долго време доминираат западните технолошки претприемачи. Богатството на Адани од 146,9 милијарди долари е главно поврзано со имотот на неговиот распространет конгломерат Адани Груп.
Групата работи низа бизниси, вклучувајќи пристаништа и јаглен, кои напредуваа во последниве години. Акциите во некои од фирмите на Адани скокнаа за повеќе од 1.000 отсто од јуни 2020 година – како одраз на оптимизмот на инвеститорите за силата на конгломератот во области како што се инфраструктурата и обновливите извори на енергија, на кои премиерот Нарендра Моди им даде приоритет за развој.
Нетото богатство на Безос падна на 145,8 милијарди долари, според Блумберг, бидејќи технолошките акции беа тешко погодени од поголема распродажба на акциите во петокот. Акциите на Амазон паднаа за три отсто во почетокот на тргувањето.