ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
08.04.2026
Бројот на ученици и понатаму се намалува
Автор: Goce Author

Трендот на намалување на бројот на ученици во основните училишта продолжува, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика. Од друга страна, кај средното образование има сосема мал , речиси незабележителен раст.

На почетокот на учебната 2025/2026 година, бројот на ученици во основните училиште  изнесува 174 040. Ова претставува намалување за 3,6 % во однос на претходната учебна година, објави Државниот завод за статистика.

Редовни основни училишта на почетокот на учебната 2025/2026 година се 927, а редовни средни училишта 128.

Кога станува збор за првачињата, во оваа учебна година биле запишани 17 921 првачe. Ова е за речиси две илјади првачиња помалку од претходната, кога  година биле запишани 19 452 првачиња.

Нова стратегија за образование 2026–2032: Што навистина се менува за учениците и студентите?

Сосема мало зголемување се бележи кај средните училишта. Таму, бројот на ученици на почетокот на учебната 2025/2026 година изнесува 67 540.  Тоа претставува зголемување за 0,6 % во однос на претходната учебна година.

Во истата учебна година во прва година биле запишани 18 554 ученици.

Три типа матура ќе полагаат средношколците годинава
Дали занаетчиството изумира кај младите?