
Луѓето од целиот свет да се обединат во размислувањето за нашиот однос едни кон други, но и за пла нетата Земја која е единствениот дом на човештвото. Тоа е мотото на годинашното издание на најголемата еколошка акција во светот, Часот на планетата земја.
Годинава оваа акција ќе се одржи во сабота, 26 март, кога во 20.30 часот луѓето низ целиот свет ќе ги исклучат светлата во рок од еден час , симболично во знак на солидарост со луѓето и со планетата Земја.
Од Сиднејската опера каде што Часот на планетата Земја започна во 2007 година, преку споменикот на Христос Спасителот во Бразил, Колосеумот во Италија и Емпајер стејт билдинг во Америка – повеќе атрактивни светски локации ќе потонат во симболичен едночасовен мрак испраќајќи порака за посигурна, позелена и почиста иднина за нас и за идните генерации.
„Часот на планетата Земја 2022 го повикува светот да се обедини во момент на солидарност за луѓето и планетата. Знаеме дека покрај многуте предизвици со кои се соочуваме, особено во овие невидени времиња, 2022 година останува да биде критична година за планетата, нашиот заеднички дом. Оваа година светот ќе се собере за да се направи нов климатски договор и ова претставува можност еднаш во една деценија лидерите да се договорат за планот за враќање на загубата на природата до 2030 година и изградба на позитивна иднина за природата“, изјави Марко Ламбертини, генерален директор на Светскиот фонд за природа – WWF.
Don’t look up: „Комета ќе удри во Земјата и никому не му е гајле за тоа“
Сметаме дека сега не е моментот климатските промени да бидат ставени во фокусот, па поради тоа локалната канцеларија на Часот на планетата Земја во Македонија се придружи кон одлуката на голем број земји ширум регионот, Европа и светот, рече Ѓорги Селков, претседател на локалната канцеларија на Часот на планетата Земја во Макеоднија.
„Знаеме дека за да изградиме иднина во хармонија со природата ни треба и мир меѓу луѓето. Затоа, овогодишниот Час на планетата Земја нуди момент на солидарност со сите народи кои страдаат од војни и конфликти ширум светот; шанса за нашата глобална заедница да го изрази она што им е важно, заеднички да преземеме позитивни активности и да повикаме на свет каде што луѓето и планетата ќе можат да напредуваат заедно. Важно е да се нагласи дека законите на природата се нарушуваат и кога ја уништуваме природата, но и кога ги уништуваме луѓето. Нашето мото е – природата и луѓето “ – додаде Селков.
Инаку, својата поддршка кон акцијата ја најавија повеќе од 190 земји ширум светот, меѓу кои и Македонија.