ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
04.10.2022
Чесите собираа средства за помош на Украина – со собраните 1.2 милиони евра ќе купат еден тенк
Автор: Goce Author

Чесите собраа средства преку приватна кампања за купување на еден борбен тенк Т-72 за Украина, објавија организаторите на иницијативата.

За еден месец, кампањата за групно финансирање собра 30 милиони круни (1,2 милиони евра), објавија организаторите.

Тенкот Т-72

На иницијативата наречена „Подарок за Путин“, која беше поддржана од чешкото Министерство за одбрана и Украинската амбасада во Прага, се приклучија 11 илјади луѓе. Организаторите набавениот тенк ќе го именуваат Томаш по првиот претседател на Чехословачка, Томаш Масарик, пренесуваат агенциите.

Чешката министерка за одбрана Јана Чернохова им се заблагодари на сите донатори и иронично додаде дека тие се погрижиле рускиот претседател Владимир Путин да добие „соодветен подарок“ за неговиот 70-ти роденден на 7 октомври.

Таа го нарече рускиот лидер „агент на КГБ, убиец и крадец“. Следниот чекор на чешките граѓани е собирање пари за муниција за тенкот. Од почетокот на рускиот напад, украинската амбасада во Чешка примила повеќе од 8,6 милиони евра донации. Чешкото Министерство за одбрана испрати во Украина оружје во вредност од 160 милиони евра.

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија