ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
21.12.2021
Честитка за новата 2022 во сообраќајот во Европа – сите возила ќе мора да бидат со темпомат

Photo by Dan Gold on Unsplash

Колку реално сме далеку од западниот свет, стануваме свесни преку многу примери, а овојпат, еве ќе дознеме преку една навидум не толку актуелна тема – сообраќајот.. Додека ние во Македонија сме во фаза на тоа какви еколошки стандарди треба да исполнуват половните возила кои ги увезуваме од странство (кои чинат огромен дел на возниот парк во државата), додека се занимаваме со неисоравните автобуси, комбиња, кои вршат јавен превоз, а знаеме и што ни се случи со трагичните сообраќајќи, во Европа се размислува за новини во новата година, кои треба да приоднесат за намалување на бројот на сообраќајќи.

Што не очекува во 2022 година на овој план во Европа: Согласно одлуката на Европската комисија, од 6 јули 2022 година, сите нови модели/типови возила ќе треба да имаат темпомат.

Европската комисија одлучи да стави крај на дивеењето на патиштата, но и на сообраќајните несреќи кои се случуваат поради, како што ги нарекува полицијата, еден од „четворицата убијци“ во сообраќајот – пребрзото возење. Затоа, одлучено е од 6 јули 2022 година, за сите нови модели/типови возила претставени на пазарот, системот за интелигентна помош за брзина (ISA) да биде задолжителен, или поедноставно темпомат.


Прочитајте и: Модерните автомобили – луксуз или проблем за возачите


За моделските генерации возила кои ќе бидат во продажба пред споменатиот датум, опремата ќе биде неопходна од почетокот на 2024 година, односно ISA ќе стане задолжителна за сите нови автомобили што ќе се продаваат од јули 2024 година.

„Со Општата Регулатива за безбедност на возилата (ЕУ) 2019/2144, Комисијата презеде мерки без преседан за да му помогне на транспортниот сектор и јавните власти да се подготват за утрешната мобилност“, се вели во извештајот.

Како функционира ISA?

ISA користи видео камера за откривање знаци за брзина и/или податоци за ограничување на брзината поврзани со GPS за да ги информира возачите за тековното ограничување на брзината и автоматски да ја ограничи брзината на возилото по потреба. Системите не ги активираат сопирачките автоматски, туку едноставно ја ограничуваат моќноста на моторот со тоа што го спречуваат возилото да забрза над сегашното ограничување на брзината, освен ако не се откажат, пишува Mobility and transport .

Овој систем мора да работи со возачот и не смее да ја ограничува способноста на возачот да дејствува во секое време додека вози. Регулативата ISA обезбедува четири опции за системски повратни информации до возачот, од кои производителите на автомобили ќе можат да избираат помеѓу звучно предупредување, вибрации, повратни информации преку педалата за гас и преку функцијата за контрола на брзината.

Првите две опции за повратни информации не интервенираат директно, туку даваат само предупредувања (прво светло и ако нема одговор од возачот, одложено звучно/вибрирачко предупредување), и овие предупредувања мора да бидат што е можно пократки за да се избегне потенцијално мешање на возачот.

Другите можни повратни информации се потпираат на моќта на враќањето на педалата – нежно ќе го турка стапалото на возачот назад за да го освести возачот дека треба да забави. Возачот може да ги игнорира овие повратни информации и да го совлада системот со малку посилно притискање на педалот за гас. Дури и во случајот со функцијата за контрола на брзината, каде што брзината на автомобилот автоматски се намалува малку, возачот може непречено да го надмине системот со подлабоко притискање на педалата за гас.

Да се обидеме да направиме паралела со состојбата и мерките кај нас во сообраќајот? Тешко, нели…Да, далеку е Европа…како и да тргнете

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија