
Црна Гора со закон ќе забрани влез во објекти за обложување и коцкарници на одредени категории на лица. Тоа се корисници на социјална помош, редовни студенти кои примаат стипендија, зависници од коцкање и на лица на кои им се суди заради неплаќање алиментација.

Photo by Nathana Rebouças on Unsplash
Црна Гора со новиот закон за игри на среќа и наградни игри значително ќе ги зголеми давачките и ќе ги заостри условите за добивање концесија.
Ќе се воведе и регистар на лица кои нема да можат да играат игри на среќа.
Подгорица њуз објави дека предлог-законот за Министерството за финансии, со кој се очекува да донесе двојно повеќе пари во буџетот од претходно, го подготвила група експерти од Белград.
Предлогот предвидува зголемување на месечната фиксна претплата за обложувалниците за 60 отсто, додека варијабилниот надомест ќе биде двојно зголемен.
На организаторите им се наметнуваат построги услови и повисоки износи на задолжителна основна главнина и издавање на потврди за добивка.
Министерството ќе води Регистар на исклучени лица преку кој ќе се забранува обложување и пристап до коцкарските простории за повеќе категории.
Забраната е наменета за членовите на домаќинството корисници на социјална помош, зависниците од коцкање, редовните студенти кои имаат стипендија и лицата на кои им се суди за неплаќање алиментација.
Минималното растојание меѓу казиното и обложувалницата од училиштето ќе биде 200 метри, што ќе го определи катастарот, а не организаторот.
Основачкиот капитал на државната лотарија не може да биде помал од половина милион евра и банкарска гаранција од 150.000 евра.