ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
11.02.2022
Црна Гора – нема обложување за социјалци, стипендирани студенти …
Автор: Goce Author

Црна Гора со закон ќе забрани влез во објекти за обложување и коцкарници на одредени категории на лица.  Тоа се корисници на социјална помош, редовни студенти кои примаат стипендија, зависници од коцкање и на лица на кои им се суди заради неплаќање алиментација.

Црна Гора со новиот закон за игри на среќа и наградни игри значително ќе ги зголеми давачките и ќе ги заостри условите за добивање концесија.

Ќе се воведе и регистар на лица кои нема да можат да играат игри на среќа.

Подгорица њуз објави дека предлог-законот за Министерството за финансии, со кој се очекува да донесе двојно повеќе пари во буџетот од претходно, го подготвила група експерти од Белград.

Предлогот предвидува зголемување на месечната фиксна претплата за обложувалниците за 60 отсто, додека варијабилниот надомест ќе биде двојно зголемен.

На организаторите им се наметнуваат построги услови и повисоки износи на задолжителна основна главнина и издавање на потврди за добивка.

Министерството ќе води Регистар на исклучени лица преку кој ќе се забранува обложување и пристап до коцкарските простории за повеќе категории.

Забраната е наменета за членовите на домаќинството корисници на социјална помош, зависниците од коцкање, редовните студенти кои имаат стипендија и лицата на кои им се суди за неплаќање алиментација.

По карантинот – „Пандемската лузна“ на младите од Балканот

Минималното растојание меѓу казиното и обложувалницата од училиштето ќе биде 200 метри, што ќе го определи катастарот, а не организаторот.

Основачкиот капитал на државната лотарија не може да биде помал од половина милион евра и банкарска гаранција од 150.000 евра.

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија