

Фото: Fox 13
Целиот свет е загрижен за новиот сој коронавирус омикрон.
Од разните варијанти на Ковид – 19, бета беше прво откриена во Јужна Африка, но со време и разни мутации бета се замени делта варијантата. Делта сојот останува доминантен во светот, но уште не се знае дали омикрон ќе може да надвладее.
Варијантата омикрон првпат e откриена исто така во ЈАР – Јужноафриканската Република, а потоа е идентификувана и во и во Европа и Азија како Белгија, Боцвана, Израел и Хонг Конг. Според научниците во Јужна Африка, младите на возраст од 20 до 30 години се разболуваат со средно тешка или тешка форма на болеста, а некои завршуваат и на интензивна нега. Околу 65% од разболените не се вакцинирани, а повеќето од останатите се вакцинирани само со една доза.
(Прочитајте и: Ќе се пронајде ли лек против Ковид 19? )
Јужноафриканската Република (ЈАР) оцени дека е казнета поради способноста рано да открие нови варијанти на Ковид-19, бидејќи забраните и ограничувањата за патување, кои ги воведоа многу земји поради новата варијанта на коронавирусот -омикрон, се закануваат да му наштетат на туризмот и другите сектори.
ЈАР има некои од водечките светски епидемиолози и научници, кои успеале да откријат нови варијанти на коронавирусот и нивните мутации во рана фаза од нивниот животен циклус.
Вакцинацијата останува клучен фактор за спречување на ширењето и на овој сој.
,,Нема место за паника, треба да се смени само генетскиот материјал на вакцината’’, смирува професорот Трајковски.
Поради омикрон многу земји воведоа нови рестрикции за патување, а фармацевтските компании се во трка за да утврдат дали новите вакцини против ковид-19 се ефикасни. Научниците велат дека ќе трeба неколку недели за да се дефинира типот на болеста што ја предизвикува новиот сој, да се утврди колку е заразен и колку е проширен.
Но најголемото прашање останува дали ќе издржи заштитата на вакцините – речиси 8 милијарди дози се примени во цел свет. И дали оние кои прележале ковид ќе бидат имуни од зараза со омикрон?
Експертите не знаат и дали омикрон ќе предизвика потешка или полесна форма на болеста од другите соеви. Но, научниците немаат дилема дека вакцинацијата треба да остане приоритет, која сепак ќе дава заштита до извесен степен. Исто така, секој треба и понатаму да носи маска, да избегнува гужви, да ги проветрува просториите и да мие раце.