ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
02.05.2022
Дали Русија подготвува напад на Молдавија кој сериозно ќе го дестабилизира и Балканот?
Автор: Goce Author

Угледниот британски весник The Times објави анализа во која се наведува дека Русија донела одлука за напад на Молдавија под оправдание дека ги заштитува русите во сепаратистичкиот регион Придњестровје.

Според пишувањето на британскиот весник, голем број информации од разузнавачите укажуваат на тоа дека Русија во текот на месец мај би можела да започне активности кои ќе значат заземање на одредени делови од Молдавија.

Руски тенкови поставени на пат во Белорусија – Фото: Flickr

„На аеродромот Тираспол, во главниот град на непризнатата Придњестровска Молдавска Република веќе се забележуваат одредени активности. Русите би можеле да се обудат да префрлат дел од своите авиони Ил-76 и хеликоптери кои ќе полетаат од Крим. Истовремено во главниот град на Молдавија се организираат протести и нереди“, се наведува во текстот.

Сепак овие информации не се во сооднос со други разузнавачки информации кои говорат дека Русија не е способна да обезбеди соодветен пат за своите авиони и дека нема интерес да ризикува нејзините авиони да бидат срушени од одбраната во близина на Одеса.

Британскиот весник анализира дека за Русите да стационираат свои сили во Молдавија мораат да направат копнен коридор од Херсон преку Миколајева и Одеса. Овде би се соочиле со жесток отпор од украинските сили, наведува весникот.

Во врска со евентуалниот напад на Молдавија, весникот наведува дека тоа би можело да се случи околу 9-ти мај.  На крајот весникот заклучува дека ваков напад би го дестабилизирал Балканот.

 

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија