
Дебатите дали младите треба да имаат целосен или делумен пристап до социјалните мрежи расте низ светот – од Австралија до Европа и САД, каде што влади разгледуваат или веќе спроведуваат мерки за ограничување на користење на дигитални платформи од страна на деца и тинејџери.
Од декември 2025 година, Австралија официјално забрани користење на социјалните мрежи за лица помлади од 16 години. Тоа значи дека млади под 16 не можат да отворат или да имаат профили на Facebook, Instagram, TikTok, YouTube, Snapchat, Reddit и други платформи без да ги отстранат веќе постоечките акаунти.
Австралија ги забранува социјалните мрежи за деца под 16 години
Во Европската Унија, дебатата за возрастните ограничувања е активна:
Европскиот парламент со големо мнозинство усвои резолуција според која достапот до социјалните медиуми би требало да биде ограничен за лица под 16 години, освен ако родителите не решат поинаку.
Франција, Шпанија и Грција разгледуваат законски ограничувања со различни минимални возрасти и начини на потврда на возраст, бидејќи сегашниот систем со официјална возраст од 13 години лесно се заобиколува.
Европски пратеници исто така побараа ЕУ- минимум од 16 години за пристап до социјални мрежи, со можност за помлади да користат со согласност на родителите.
Во Соединетите Американски Држави, различни држави веќе донесоа или предложија ограничувања:
Флорида има закон кој од 2025 година забранува пристап до социјалните мрежи за лица помлади од 14 години, освен ако родителите не дадат согласност.
На федерално ниво, Kids Off Social Media Act е предложен закон што би забранил корисници под 13 години да пристапуваат социјални мрежи и би го ограничил алгоритамското препорачување до 17 години.
Во Македонија, владини официјални лица изјавиле дека не се размислува за радикална забрана на социјалните мрежи за деца, како што е моделот на Австралија. Наместо тоа, фокусот е на градење ЦЕНТАР за побезбеден интернет и други механизми за заштита на децата на интернет.