
Според истражувањето на Високата школа за економија во Русија (ХСЕ), вложувањето во Лего коцки е поисплатливо отколку вложување во злато, недвижности и вино. Иако овој податок е зачудувачки, докажано е дека пазарот со користени лего коцки може да расте и до 11% годишно, што е подобра стапка од онаа на златото, акциите, обврзниците, филателистичките марки и вината.
Истражувањето покажало дека може да се оствари голема добивка од вложување во играчки како Лего сетови, кукли Барби, мини фигури на суперхерои или модели на автомобили и возови, особено сега во пандемијата каде според статистиката продажбата на Лего коцки е значително зголемена.На Пазарот особено се ценат постарите колекции на играчки кои може да достигнат и висока вредност. Се смета дека комплетите произведени пред 20-30 години предизвикуваат носталгија кај обожавателите на Лего коцки, а нивните цени неверојатно скокаат.
Прочитајте и: Најбарани професии во иднината
Според Викторија Добринскаја, вонредна професорка на ХСЕ. Најскапите сетови вклучуваат Millennium Falcon, Death Star II и Imperial Star Destroyer од Војна на ѕвездите, како и Таџ Махал. Студијата кои ги проучувала цените на 2.322 различни Лего комплети од 1987 до 2015 година, покажуваат дека факторите како ограниченото производство, колекционерски посебни изданија и недостигот на секундарниот пазар значително ги покачија цените во текот на годината.
Доколку ве заинтересира овој податок, можете уште веднаш да вложите во Лего колекција и да ја продадете после неколку години по повисока цена.