
Дебелина во европскиот регион е во „епидемиски размери“, предупредила Регионалната канцеларија за Европа на СЗО во извештајот објавен минатата недела.
59% од возрасните и речиси едно од три деца се или со прекумерна тежина, а ниту една земја во европскиот регион моментално не е на пат да го запре порастот на дебелината до 2025 година. Раните студии од некои земји покажале дека за време на пандемијата се зголемила прекумерна тежина децата и тинејџерите.
Во својот извештај, СЗО – Европа ги означила апликациите за доставување оброци дека веројатно придонесуваат за проблемот со дебелината, велејќи дека тие можат да поттикнат „седечко однесување’’ кое всушност се однесува на одредени активности во полулежечка, седечка или лежечка положба кои бараат многу мала потрошувачка на енергија.
Во извештајот било наведено дека дебелината и прекумерната тежина се одговорни за повеќе од 1,2 милиони
смртни случаи во Европа секоја година.
Кремљ Викрамсинг, привремен шеф на Европската канцеларија за превенција и контрола на незаразни болести на СЗО повикал на внимание од највисокото ниво на властите.
Диеталните сокови можат повеќе да предизвикаат дебелеење од обичните?
Дебелината стои зад најмалку 13 различни видови на рак и веројатно предизвикува најмалку 200.000 нови случаи на рак секоја година во регионот. Во некои земји, според извештајот на СЗО, се предвидува дека дебелината ќе го надмине пушењето како водечки фактор на ризик за рак што може да се спречи во децениите што следат.