ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
05.12.2023
Денес е објавен трејлерот за ,,GTA VI”
Автор: Goce Author

Rockstar Games синоќа го објавија првиот трејлер за GTA VI, новата видеоигра од популарниот серијал Grand Theft Auto.

Според најавите играта се очекува да излезе во 2025 година на Плејстејшн 5 и Икс-бокс сериите S и Х. Во првичните информации не се споменува дека играта на самиот старт ќе биде достапна за корисниците на персонални компјутери.

Девелоперите на „Rockstar“ велат дека се свесни поради поголемата популација на играчи која им е на персонални компјутери, но, сепак, во нивната официјална најава го спомнуваат само излегувањето на играта на конзолите Плејстејшн 5 и Икс-бокс.

 

Трејлерот потврди голем број мали детали кои наизменично се појавуваа во серијата во изминатите две години, вклучително и поставката Vice City, како и женскиот протагонист Луција, која, според информациите, во „GTA“ светот е во врска со ликот Џејсон, со кого имаат класична “Бони и Клајд” тип на приказна кој се криминален неразделив љубовен пар што се сакаат до смрт. Музиката во трејлерот е од Том Пети кој е извонреден рокер, текстописец и гитарист кој почина во 2017 година од срцев удар.

 

Текстот е изработен од страна на средношколци практиканти од СОУ Коле Нехтенин – Штип, како дел од соработка меѓу ГОЦЕ.МК и средните училишта.

Автор: Климент Трајков

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија