ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
26.01.2023
Доналд Трамп се враќа на Фејсбук и Инстаграм?
Автор: Goce Author

Компанијата Мета, во чија сопственост се наоѓаат Фејсбук и Инстаграм, донесе одлука дека на поранешниот американски претседател Доналд Трамп ќе му биде дозволено да се врати на платформите по двогодишната забрана поради работите кои ги објавуваше после упадот во Конгресот на САД на пред 2 години.

Објаснувајќи ја одлуката во блог на Фејсбук, претседателот за глобални прашања на Мета, Ник Клег, вели дека во следните недели на Трамп ќе му биде вратена можноста да биде на Фејсбук и Инстаграм, но дека ќе бидат поставени нови правила со цел да не се повторат нови прекршоци.

„Како сите други корисници на Фејсбук и Инстаграм и господинот Трамп ќе биде предмет на нашите правила за однесување на заедницата. Доколку објавите на Трамп и понатаму ги прекршуваат овие правила, содржините ќе бидат отстранети и тој ќе биде суспендиран во период меѓу еден месец и две години, зависно од јачината на прекршокот“, напиша Клег.

Зошто доби бан?

Трамп беше отстранет од платформите на Мета по немирите од 6 јануари, кога поранешниот претседател објавуваше неточни тврдења дека американските избори биле украдени и ги фалеше насилните демонстранти кои извршија упад во американскиот законодавен дом.

Клег вели дека суспензијата била „вонредна одлука донесена во вонредни околности“ и дека Мета ценеле дали такви околности се` уште постојат за да му биде продолжена првичната двогодишна суспензија на екс-претседателот. Најпосле компанијата одлучила дека нивните платформи треба да бидат отворени за демократска дебата и дека корисниците треба да имаат можност да ги слушнат ставовите на поранешниот претседател на САД, кој веќе изрази намера да се кандидира повторно за оваа функција.

„Јавноста треба да може да слушне што нивните политичари зборуваат – и доброто и лошото и злото – за да можат да носат информирани одлуки кога излегуваат на гласање“, смета Клег.

Не е познато дали Трамп ќе ја искористи оваа можност и ќе се врати на платформите бидејќи во ноември минатата година Твитер ја укина забраната на профилот на Трамп, сепак поранешниот претседател досега не комуницира преку оваа платформа со неговите следбеници.

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија