
Автор: Михаил Данев
Милан и Манчестер Сити се последните шампиони за сезоната во најсилните европски лиги. Последните кола во Англија и Италија одлучуваа кој ќе биде шампион, а донесоа и драма, сособено во Премиер лигата.
“Граѓаните” се шампиони во сезоната 2021/2022 во Англија, откако ги победија Астон Вила со 3-2. Спектакуларен натпревар каде Манчестер Сити имаше негатива од 2 гола се до 76-тата минута. Гундоган прв стрелаше за намалување на негативата,а само 2 минути подоцна Родри го израмни резултатот. И тоа не беше крај на драмата на Етихад, Гундоган повторно стрелаше во 81-вата минута за целосен пресврт, што значеше и наслов за Манчестер Сити.
Пеп Гвардиола стигна до својата 32титула во тренерската кариера и изјави: „Овој тим на Манчестер сити е легендарен, овие играчи исто така се легендарни. Дојдовме до 100 бодови, а последната средба од сезоната е секогаш полна со емоции.
Моментот кога го дадовме голот, знаев дека ќе направиме пресврт. Тоа ни донесе неверојатна енергија, која што ја осетивме и на самите трибини“.
Сепак Пеп сака следната сезона да го освои трофејот во лигата на шампионите кој ќе биде прв за Манчестер Сити во нивната историја“.

Росонерите со победата над Сасуоло од 0-3 си го запечатија врвот во Италијанското Калчо. Сега Милан има ист број на освоени титули(деветнаесет) како и Интер, а на врвот се наоѓа Јувентус со 36 шампионски круни. Овде немаше голема драма како во Премиер Лигата, па прашањето кој ќе биде шампион беше решено уште во првото полувреме. Граунд погоди во 17-тата и 32-та минута, а Франк Кеси во 36тата минута со што му ги донесоа 3те бода за “миланезите”.
Интер ја победи Сампдорија исто така со 3-0 на домашен терен , но тоа не беше доволно за Интер да го одбрани скудето.На крајот само 2 бода беше разликата помеѓу Милан кој освои 86 и Интер кој освои 84 бодови.