ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
31.07.2023
Дуќан во Барселона наплатува за разгледување
Автор: Goce Author

Барселона се „мачи“ со масовниот туризам, а еден реномиран дуќан одлучи да наплатува по 5 евра за „само да разгледаме“!

„Разгледување на дуќанот – 5 евра по лице, благодарам“. Така пишува на таблата на влезот на „Queviures Murria“, историската продавница на деликатеси во Барселона кој работи речиси 130 години (отворена во 1898 година).

Да, добро прочитавте: на сопствениците им е преку глава од туристи кои влегуваат и излегуваат без да купат ништо. Меѓутоа, ако се прашувате како тоа изгледа во пракса – продавницата сè уште никому не наплатила за разглдеување.

Според менаџерот Тони Мерион, намерата овде не е навистина да им се наплаќа на љубопитните набљудувачи, туку да се спречат туристите да го нарушат работењето на продавницата. Марион објаснува дека знакот првично бил поставен како шега, но се покажал како доста ефикасен во поттикнувањето на продажбата, па така останал. Сега, кога посетителите доаѓаат да фотографираат во продавницата, често завршуваат со купување на неколку производи.

Покрај тоа што трошат нешто, многу посетители покажуваат и подобри манири – нешто што сопствениците сметале дека не се случува кога туристите шетаат низ продавницата и фотографираат сè околу нив. Оваа „неуништлива“ продавница е популарна атракција во градот поради своите носталгични реклами од 1920-тите и модернистичкиот шарм.

Идеални дестинации за кратки викенд патувања во Европа

Масовниот туризам станува се поголем проблем во Барселона и ова не е првпат градот, било на градско или на приватно ниво, да презема мерки против она што тие го сметаат за непожелно однесување.

Така, минатата година Барселона го забрани пушењето на сите плажи во градот, наметнувајќи парична казна од 30 евра за секој што ќе биде фатен како пуши. Градот дефинитивно се обидува да го балансира растечкиот број на туристи со одржување на градот чист и погоден за живеење, а само времето ќе покаже дали ќе успее.

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија